ПОКАНА
По повод осветувањето на новоизградениот храм Св.Константин и Елена во н.Илинден, на ден 29.10.2023 (недела) Лето Господово, во 08:00ч. ве покануваме на заедничка Архиерејска Литургија. На истата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Господин Господин Стефан и преосветениот Епископ Делјадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.
По чинот на осветувањето, Ве покануваме на заеднички свечен ручек во просториите на Храмот. — во Ilinden, Општина Илинден.
На 9 Јуни 2012 година поставен е камен темелник за изградба на нов Црковен Храм,камен темелникот го постави Г. Г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.
Овој ден, како за црквата, така и за жителите на Населба Илинден е со посебно значење, затоа што на овој ден започна изградба на нова и многу поголема црква од 400 м квадратни и висина од 22 метри. .








































