*Елена Андоновска е родена во Скопје, а живее во населба Илинден. Од 2007 година работи во Ансамблот за народни игри и песни на Македонија – Танец како сценски презентер на традиционални игри и песни. Од 2010 година своето професионално искуство го пренесува како наставник во ДМБУЦ Илија Николовски Луј во насоката за традиционална музика и игра каде ја започнува својата педагошка активност по предметот народно пеење. Од 2012 година на ФМУ – Штип работи како демонстратор на катедрата за етнокореологија. Како долгогодишен сценски презентер на македонски народни песни, Елена Андоновска претставува македонската вокална традиција на бројни фестивали во нашата земја а и надвор од неа. Добитник е на многу награди и признанија меѓу кои позначајни се Признанието за особен придонес и афирмација на УГД – Штип во 2009 година, Прво место на фолклорниот фестивал во Албена Р. Бугарија во категоријата за Солистичка изведба на народни песни, Гранд При наградата во 2010 година на истиот фестивал во Албена Р. Бугарија и освоеното прво место во категоријата за соло изведба на народни песни во Прага, Република Чешка, во 2011 година.
Покрај наградите кои ги има освоено како солист, Елена како професионален вокален исполнител во хорот на Ансамблот Танец, исто така, придонесува за освојување на голем број на награди и признанија наменети за ансамблот кој важи за еден од најголемите амбасадори на нашата земја, кој, на највисоко ниво ја претставува ширум светот. Покрај вокалните способности, кои Елена упешно ги презентира на сцената, таа од 2003 година ја започнува и својата истражувачка дејност на полето на етнокореологијата и етномузикологијата. Најчести теми на истражувањата се Македонските традиционални песни и ора и нивните карактеристики.Неодамна,Елена Андоновска ги оживеа песните на Вања Лазарова и Петранка Костадинова
Неодамна Елена Андоновска го промовираше својот нов музички проект насловен “Кој што ме чуе да пеам“. Албумот содржи десет композиции кои се преработки на македонски народни песни испеани од познатите македонски доајени Васка Илиева, Вања Лазарова, Костадинка Палазова, Петранка Костадинова, Никола Бадев, Кирил Манчевски. Аранжманите ги изработи Александар Јовевски во модерен етно стил но со зачуван афтентичен македонски мелос. Албумот е снимен во музичкото студио “Подрумот“ во музичка продукција на Ангел Ќосев. За омотот се погрижија Костадин Калошев – фотографија и Никола Николовски – графички дизајн.
Елена неодамна го промовираше видео записот за песната “Босо моме“ која е дел од овој музички проект, а се снимаше во Лазарополе во соработка со Арт продукција.