Св.Антониј

0
13

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК, СВ. АНТОНИЈ ВЕЛИКИ ЗАШТИТНИК НА БОЛНИТЕ

Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови. Во текот на многу години ги помина сите скалила на духовниот живот и со својот живот стана пример за сите монаси до денешен ден. Се упокои мирно на свои 105 година, во 356 година.
Преподобен Антониј Велики(Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…)

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука