*Покрај другите, еден од поголемите проблеми на жителите на Бучинци во минатото бил превозот до Град Скопје и назад. За да остварат одење и враќање до Скопје се до 1978 година жителите оделе до соседните села да користат автобус, кој само неколку години бил пуштен од тој во Бучинци. Пред пуштањето на автобускиот превоз жителите од Бучинци морале да патуваат до Миладиновци или Дељадровци , од каде патувале со воз . Во 1978 година за прв пат продолжена е линијата број „66“ од Мршевци до Бучинци и тоа само неколку пати во текот на денот. Доаѓањето на првиот автобус беше празник за жителите од Бучинци , сите собрани сред село тоа го прославија ,а шоферот и кондуктерот беа богато дарувани со кошули и друго. Денес крајната станица за бројот „66“ едниот крак е во Бучинци ,а другиот во Дељадровци. (Фотографијата е од подоцнешен временски период)









































