Дељадровци – Основни податоци

0
1605

*Дељадровци се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина,а на североисточниот дел од општина Илинден,распослано помеѓу Автопатот и железничката линија Скопје-Куманово.Дељадровци е крајно село од општина Илинден кое се граничи со територијата на Куманово.
Селото лежи на надморска висина од 300 м.од Скопје одалечено е околу 25 к.м., а од општинскиот центар околу 13 к.м.
Денешното население кое живее во Дељадровци не е многу старо ,туку првите жители кои се доселени во селото се Јовчеви кои тука се доселиле од некое село од Овче Поле на почетокот на 18 век.Инаку селото како село постоело и за време турско и било изразито чифлик-сахибијско село.
Во 19 век целата земја од атарот на селото му припаѓала на на познатиот скопски бег Јашар бег,тој овој имот го наследил од неговиот татко Мемед –бег.Јашар бег поседувал имот во 10-тина села во скопско,ама Дељадровци му било негово седиште.Во 1908г.кога империјата веќе била доста заслабена ,а воедно комитското движење било се појако ,за заштита на својот имот турците во Дељадровци доселиле околу 50 мухаџирски-бошњачки фамилии.
По ослободување од турците 1912 г.тие 50 бошњачки фамилии се отселиле од Дељадровци,а дотогашниот имот –земјата од бегот била поделена на дотогашните чифчии од Дељадровци и на колонистите од соседното село Мршевци ,а еден дел од земјата бил доделен на Агино Село и Студена Бара.Во Дељадровци во 1924г изграден е манастирот Св. Ѓорѓија ,на место на стари остатоци од некој верски објект.До изградба наа манастирот жителите од Дељадровци ја посетувале црквата во Студена Бара,над селото постои крст посветен на Св.Спас.(За овој верски комплекс ќе се направи посебна објава )
Постари родови доселени од други места од Македонија се:ЈОВЧЕВИ доселени од село Стањевци -Овче Поле.МАРКОВИ и СТАШОВЦИ ,порано биле еден род ,доселени од некое село на Карадак(Скопска Црна Гора).МАРТИНОВИ,доселени во ист период со МАРКОВИ.МИЦЕВИ и ВИТАНОВЦИ ,порано биле еден род ,се доселиле од Сарамзалино.СТОЈЧЕВИ,доселени од с.Шумате Трница .КОЛЕВИ се доселиле од Ранковци. ШКЕМБАРОВИ ,доселени се од с.Трнава –Прешево,за време турско.МИЛОЈКОВИ ,во 1935г се доселиле од околината на Књажевац.. МИЛИВОЕВИ ,доселени с од околината на Крушевац најпрво во Мршевци ,а во 1938 г. се преселиле во Дељадровци.БАЧЕВИ доселени се за време турско од Егејска Мкедонија.МИШЕВИ,доселени од некои деловикои денес се наоѓат во Албанија,еден ден од нив се доселил во Дељадровци,еден дел во Орах.ЈАЧМЕНОВИ или ТРАЈАНОВИ ,потекнуваат од БАЈЛОВЦЕ ,напрво се преселиле во Скопје ,потоа дошле во Дељадровци во 1939г.ДЕНКОВИ и МИЛЕВИ ,се доселиле во 1942г.од околината на Куманово.КОЧКА ,потекнуваат од Герман во 1941г. се доселиле најпрво во Мршевци ,а во 1944г. се преселиле во Дељадровци.КИРЈАНОВИ се доселени во 1943г. од Радибуш ,најпрво во Мршевци ,а во 1947г се доселиле во Дељадровци. СТОјЧЕВИ се доселиле во 1948г. од с.Милутинци. ДИМИТРИЕВИ ,доселени се од Трново во 1943г.во Мршевци ,а во 1950 г. се преселиле во Дељадровци.КРСТЕВИсе доселиле во 1952г.,потекнуваат од Нерав.
Демографска Состојба:1914-120 жители,1921г.-136 жители,1948 г.-270 жители,1953г.-333,1961 г.-421 жители,1971
г.-401жител,1981г.-397жители,1994г.-507жители и во 2002г.-523 жители, во 2021-535 жители.

Во периодот 1945-1955г. Дељадровци  било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

 

Во Дељадровци постои Манастирскиот комплекс Св.„Ѓорѓија“, изграден во 1921 година во чиј состав се наоѓаат следните цркви: “Св. Ѓорѓи“ – манастирска црква, “Св. Петка“и “Св. Недела“, “Св. Архангел, “Михаил и Гаврил“,“Св. Злата Мегленска“ и “Св. Мала Богородица“.Овој Манастирски компекс претставува црковна лавра единствена во Полошко-Кумановската Епар-

хија. Во текот на секоја година во манастирскиот комплекс Дељадровци има два црковно-народни собири и тоа на 6 мај се слави Ѓурѓовден и на 21 септември се слави раѓањето на Богородица. Во склоп на овој Манастирски комплекс има и конаци за престој на верниците и ресторан со македонски национални јадења. Во текот на 2002 година е извршена целосна реконструкција на манастирскиот компекс, како и реконструкција на фреско-живописот на дел од црквите сместени на овој манастирски комплекс.

Претходниот артикал,Бучинци – Основни податоци
Следната статијаТекија – Основни податоци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука