Најголемо македонско село што се наоѓало на сегашната територија на Општина Илинден, а кое во турските дефтери било евидентирано со целокупното население и давачките кон државата, било Бучинци. Во селото во 15 и 16 век живеело исклучиво македонско христијанско насе ление. Во пописните книги од 1568 – 69 година за селото е запишано дека припаѓало на тимарот на Ибрахим син на Алија, инаку субашија (воен заповедник).Селото било составено од неколку маала. Поради историското значење, со кое се потврдува континуитетот на постоењето на македонското население во ова село, ќе го дадеме прегледот на лицата кои во пописот биле евидентирани со име и татково име.
Тоа биле семејствата на: Петре Ранко,Данко Ранко, Ратко Тодор, Станко Степан, Бојо,Пејо, Димитри Бојо, Костадин Бојо, Петко Николин, Петре Недан, Менко Недан, Тодор Недан, Дојчин Продан, Ѓуро Пејо, Лазар Пејо, Димитри Степан, Велко Степан, Борче Степан, Велче Јован, Димитри Стојко, Рале Николин, Димитри Михал,Никола Михал, Мино Брајан, Тодор Ламбо, Данчо Рајчин, Петре Ѓуро, Продан Јован, Тодор Јован, Тодор Стојко, Данче (или Рајче) Стефан, Јован Веселин, Дане Веселин, Петре Мино, Никола Вујо, Цветко Дане, Пејо Дане, Димитри Дане, Јовче Дане, Ѓуро сиромав и Бојо Јовко.
Од неженетите евидентирани во овој попис биле следниве лица: Даме Јон, Мино Јон, Ламбo Јон, Михал Лабо, Миле Недан, Мино Недан, Радослав Недан, Нешо сиромав, Димитри Владе, Станко Велко, Петре Јов че,Недан Богдан, Ламбо Нешко, Димитри Стале, Никола Јован, Тодор Димитри, Милош Димитри, Пејо Димитри и Стојан Димитри.
Вкупно во селото живеле 40 семејства, 19 неженети и 3 вдовици, што за тогашни услови било прилично го ле ма бројка на население.
Во периодот 1945-1955г., Бучинци било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година, е во составот на општина Илинден.