*Бучинци, локалитет „Црквиште“. На околу 1000 метри северно од Бучинци се наоѓало место викано Таму имало„стари гробишта“, за чие постоење му посочиле месните жители. Меѓу другото, тие му кажале дека во старите гробови наоѓале „стари прстенчиња,алки, паричиња“ и друго. Месните жители му кажувале дека откопувале и други стари керамички остатоци, за кои ние погоре утврдивме дека потекнувааат од римско време. Тоа само ги потврдува нашите сознанија дека на територијата на сегашното с. Бучинци и во неговата непосредна околина, се наоѓала стара населба, која, според кажувањата намесните жители, што авторот Јован Трифуновски ги прибирал во далечната 1950-1951 година, била „да пати поголемо село“од сегашното село.









































