НА ДЕНЕШЕН ДЕН -6 АВГУСТ

0
1096

6 август 2016г. Во вечерните часови Скопје и скопска околија ја задеси големо невреме ,кои предизвикаа големи поплави од поројните дождови кои направија големи штети и  22 жртви.  Невремето  траеше повеќе од 5 часа . Во текот на ноќта наврнаа 90 литри дожд на метар квадратен , а во првите два часа од невремето регистрирани се повеќе од 800 громови. Главниот град во Македонија поплавен , водата навлезе и во подрумите, а многу граѓани останале заглавени на поплавените улици во своите автомобили.Во ова невреме најмногу настрадаа: Црешево,Стајковци,Смилковци,Сингелиќ,Економија ,Инџиково и долниот дел од Арачиново и дел од Илинден .

6 АВГУСТ 2016 ПЛАЦ – ИЛИНДЕН

Во Илинден водата од  невремето навлезе во повеќе 30 куќи во маалото  Плац и 7 компании .

*6 август 1900.- Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затвори, а потоа и го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.

*6 август 1943.- Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ во Македонија. Роден е во селото Бистрица, Велешко, на 7 октомври 1919 година.

*6 август 1944.- Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини

*6 август 1945.- Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима. Бомбардерот „Б-29“ наречен „Енола Геј“ на 6-ти август 1945-та година во 8:15 часот по локално време, од висина од околу 9,600 метри ја фрли бомбата наречена „Малото момче“ која што после 43 секунди експлодирала на 600 метри над тлото. Се проценува дека температурата во средиштето на експлозијата достигнала од 3 до 4 илјади Целзиусови степени, па луѓето кои што биле точно под бомбата на отворено, практично во дел од секундата испариле. Сите кои што биле во радиус од 500 метри буквално биле збришани од лицето на Земјата, а разорната бомба уништила 90% од градот. Додека пламените голтале се пред себе, 45 минути по експлозијата над градот почнал да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички.

*6 август 1991.- Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка, една од основоположниците на повоениот театар. Родена е во 1928 година.

*6 август 1999.- Во Скопје умре д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната теорија и политикологија. Роден е во Велес, 1919 година.

Претходниот артикал,Тони Костовски-фудбалер
Следната статијаБРАНАТА НА МАТКА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука