НАСТАВНИЧКИОТ КОЛЕГИУМ ПРИ ООУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“,Населба Илинден-2008 година.

0
1187

*Просветните активности во селата на денешната Oпштина Илинден , биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови. Единственото основно училиште на српски јазик било отворено во Бунарџик во 1914 година,а прв учител бил Будислав Шошкиќ од Црна Гора.

Прво училиште во тогашно Белимбегово било отворено на 14 септември 1941 година, а со редовна работа започнало на 1 октомври. Училиштето имало две училници. Наставата била на бугарски јазик посетувале околу 60 деца распоредени во четири одделенија, а прв учител бил Георги Вчлов од Бугарија.

На 12 септември 1945 година за прв пат започнала настава на македонски јазик со две комбинирани паралелки. Први учители биле Марија и Михаил Мељникови, Михаил бил по потекло Русин, а Марија Велешанка.

Во 1962 година започнала да се гради нова училишна зграда со  четири училници и други помошни простории. Во учебната 1964-1965 година наставата започнала во новата училишна зграда со 396 ученици од 1 до 7 одделение и 20 вработени. Една година подоцна прераснало во полно осумгодишно училиште.

Од 1978 година потоа училиштето станува ЦОУ „Гоце Делчев“ со две подрачни четиригодиши училишта во селата Бунарџик и во Кадино.

Денес,  во ООУ „Гоце Делчев“ настава посетуваат ученици од населените места Илинден и Марино.

Претходниот артикал,Бучинци, локалитет „Црквиште“.
Следната статијаЕДНАШ ЗБЛИЖЕНИ -ЦЕЛ ВЕК ДРУЖЕЊЕ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука