ЗОРАН ТРПЕВСКИ , СЛИКАР-АМАТЕР
Живее во населба
Илинден , неговата љубов кон ликовната уметност, постои многу одамна, но
поактивно почнал да се занимава во последните 4-5 години.Во овие години има
насликано преку осумдесетина слики. Воглавно мотивите се зимски пејсажи и мртва
природа во правецот реализам.На инсистирање на неговите пријатели тој ги
збогати своите ликовни содржини со сликање на икони и други правци од уметноста.
Денес Ви преставуваме дел од неговото уметничко творење,слики направени во маслена техника,масло на платн со различни димензии и тоа:

Првата слика е насловена како „помеѓу сонот и јавето“, преставува невест на коњ,инспирирана од неговиот немирен дух во малку поинаков неостварен дух.

Втората слика насловена „Елени-Пустоловина“спаѓа во неговата преокупираност со природата ,ловот ,поточно повеќе заштита на дивечот,кај што се гледа слободниот дух на Елените.

Третата слика преставува разноврсни земјоделски плодови набрани од нашата плодна почва.

Четвртата слика,како голем верник ја отсликува неговата силна љубов кон нашата вера.









































