Novca Trajkovski, Академски Уметник вчера во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден беше отворена негова ликовната изложба наречена ,,Патување”.
На отварањето присуствуваа голем број љубители на уметноста, оваа неговата може да се нарече како традиционална изложба затоашто се одржува во овој временски период повеќе години наназад.

Тој преку уметноста со мотиви и ликови од нашето опкружување се голем придонес за наша афирмација како негови сограѓани ,па и како општина во целост.
Покрај тоа, неговото залагање и поттик придонесоа изминативе години уште десетици сликари аматери наши уметнички души, да тргнат по уметничката патека и создадоа дела ,а со неколку групни изложби ги прикажаа на нашата јавност докажаа дека со нивниот квалитет не отстапуваат од професионалните стандрди.

Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат околу 50 врвни уметнички дела на Трајковски, изработени во техника со актил и масло на платно.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја прогласи изложбата за отворена, истакна дека оваа изложба е прекрасно да се види, а вакви уметнички дела кои се толку оригинални и во кои е вложено многу љубов, не можат да се видат на друго место. Упарувајќи благодарност до академскиот сликар Новица Трајковски за неговиот придонес во развојот на културата, уметноста во општина Илинден, додаде дека тој е поттик и за многу други уметници да одат по неговиот пат. .

Сите љубители на уметноста можат да ја посетат оваа изложба до 31 декември.
Населба Илинден на Новица му посакува добро здравје и уште многу години уметничко творештво.