Денес, со почеток во 9:00 часот во населеното место Ајватовци, по седми пат се одржа традиционалниот „Саем на домашно вино“.
На овој своевиден вински фестивал на којшто учествуваат 12 винопроизводители извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот го извршиа членовите на „Вински витези“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.
Саемот на виното се одржува во рамките на одбележувањето на големиот верски празник Свети Трифун и празникот на лозарите.

По одржаната Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, се обави симболично закројување на лоза во кругот на црквата.

А, потоа се изврши избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, учествуваа дванаесетмина винопроизводители од Општина Илинден.

За најдобро беше прогласено виното на Трајче Трајковски од Ајватовци

Второто место го освои Новица Апостоловски од Мршевци.

Трето место го освои Божидар Костовски, од Бунарџик.