КОСТАДИНОВЦИ

0
182


Според книгата на Др.Јован Трифуновски„Скопско Поље“-1955г.најстаро место за нивното потекло е  с. Карабуниште, од каде потоа се преселиле во селото Миладиновци,од таму се доселиле во Илинден,а од Илинден во Маџари и за време турско, дефинитивно повторно се вратиле во Илинден.

Како најстар член и основач на овој род се смета дека бил Цветан, кој имал четири сина: Петре, Трајан, Борис и Илија.
*Петре, првиот син на Цветан имал два сина Трајче и Стојан и ќерка Пауна.

Свадба на Душан и Љупка со нивните најблиски

-Трајче,првиот син на Петре имал два сина Душан и Митко (отселен во Србија)и една ќерка Нада омажена во Зелениково.

Душан,син на Трајче  има два сина Игор и Ивица.

Игор,син на Душан  има два сина Христијан и Даријан.

Ивица,син на Трајче  има два сина Алексеј и Константин.
-Стојан-Цолка , вториот син на Петре имал три ќерки :Мирјана,Маре и Илинка.

Мирјана ,ќерка на Стојан има ќерка Елена и син Бојан.

Маре,ќерка на Стојан има три ќерки Кристина,Фросина и Стефанија и внучиња :Лејла,Владимир,Петар и Павел.

Илинка ,ќерка на Стојан има две ќерки Мартина и Емилија.

САВКА И МИРЈАНА(Мајка и Ќерка -членови на КУД Илинден

.
*Трајан, вториот син на Цветан имал три сина: Јован, Тодор и Блажо, кој загинал во Втората светска војна и ќерка Аница.
-Јован имал син Васил и три ќерки Нада,Јана и Ката .
Васил,син на Јован  има два сина Владо и Зоран.

Јован син на Трајан и неговиот син и снаа Васил и Драгана

Зоран,син на Васил  има син Виктор.

 Владо,син на Васил  две ќерки Кристина и Мартина.
-Тодор,син на Трајан  имал две деца  син Миле и ќерка Љубица.

Трајан и син му Тодор

 Миле,син на Тодор  има два сина Ацо и Гоце.

 Ацо,син на Миле има еден син Нино и ќерка Анa.

Гоце, син на Миле  има два сина Димитар и Христијан.

Миле Ѓуровски,со сопругата децата и внуците

Димитар ,син на Гоце има ќерка Ева.
*Борис,третиот син на Цветан имал еден син Александар и ќерка.

Свадба на Драган и Рахила со свекорот Александар и свекрвта

Александар,син на Борис имал син Драган и две ќерки Лепа и Лилјана.

 Драган,син на Александар имал син Марјан и ќерка Анета .

ДРАГАН ѓУРОВСКИ

 Марјан синот на Драган има три деца Драган Ема и Јана.
*Илија, четвртиот син на Цветан ,имал два сина Славко и Костадин и ќерка Родна.

АНИЦА,КОСТАДИН И ИВАНКА

 Славко,син на Илија  имал еден син Владо и ќерка.

Костадин,син на Илија имал ќерка Сузана и син Љупчо.

Љупчо ,син на Костадин  кој има три сина Марко,Мартин и Марјан.

Потомците на  оваа галабија, која денес во Населба Илинден брои десет куќи, административно презиме за сите е  Ѓуровски.

Две семејства од ова галабија се отселени.

 Куќна слава им е „Св.Георгиј-Ѓурѓиц„ („Св. Ѓорѓија„-посен)

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************


Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-23 АПРИЛ
Следната статијаФОТОГРАФИЈА ОД РОДОТ ВАНЕВЦИ-СТОЈАНОВСКИ-БУЈКОВЦИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука