16.8 C
Skopje
понеделник, април 27, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Првоаприлски шеги и смеа

0
Во ООУ Гоце Делчев од секогаш се одбележувал денот на шегата и смеата. На фотографијата наставничката Горица Кржовска со своето одделение Децата-учениците за овој ден се...

Македонка Тефчева со своето 7-Д

0
ООУ Гоце Делчев-населба Илинден На фотографијата наставничката Македонка Тефчева со своето 7-Д одделение. Фотографија од 1989 година

ООУ Гоце Делчев-Илинден

0
На фотографијата наставничката Јанка Николовска со своето 6-то одделение . Фотографија од 1989 година. Испратена од Јасмина Филиповска.

ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО КАДИНО

0
На фотографијата учителката Марија и нејзиното прво одделение 1968/69, а на истата Горе:Гуци Џемаил,Јовче Богдановски,Аце Панајотовиќ,Звонко Најдовски,Симе Ангеловски,Киро Димитриевски,Најден Крстевски Доле:Вера Богдановска,Славица Стојковска(Гроздановска)Зорица Велковска,Данче Крстевска,Бранко Ивановски,Елица...

Наставничката Славјанка со своето 8-б одд.

0
ОО У Гоце Делчев-населба Илинден. Наставничката Славјанка Перчинкова со своето 8-а одделение во 1980 година Одделение од кое произлегоа многу познати личности од разни области.

Наставничката Трена со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден На фотографијата наставничката Трена со своето одделение. Фотографија од второ -г. одделение во1983/84

Учителот Панче со своето одделение-Кадино

0
На фотографијата Учителот Панче ОУ во Кадино,со своето одделение,фотографирани околу 1958-60 година.На фотографијата препознати се тогашните ученице: Драган Тргачевски,Круме Тргачевски,Донче Најдовски,Круме Филиповски,Смиља Ивановска-екс Панајотовиќ,Верче Богоевска,Панче...

Учителката Зага со своето одделение

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден. На фотографијата учителката Зага Василевска со своето одделение,генерација родени 1959 година , фотографирани 1967/68 година.

OОУ Гоце Делчев 8-б,полуматуранти

0
Во 1988 година 8-б одделение,како полуматуранти . На фотографијата се и наставничките Данка,Верче и Сузана.

ООУ Гоце Делчев-поуматуранти-2009

0
Полуматуранти 8-б во 2009 година ,со наставниците Тројан Симоновски,Драгица Ѓорѓиевска и Слободанка Бојковска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ