6.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Ацо Симоновски со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев-населба Илинден ,на фотографијата наставникот Ацо Симоновски со своето одделение -генерација родени 1964 година

Ученици од Кадино на екскурзија на Езеро Младост

0
На фотографијата ученици од Основното Училиште од Кадино,генерација 1964/65, на екскурзија на Езерото Младост.

Нада Николова со своето одделение

0
ОО У Гоце Делчев -населба Илинден ,на фотографијата наставничката Нада Николова со своето одделение во 80-те години од минатиот век.

Училишна приредба во ОО Ристо Крле

0
Фотографија од една приредба за родители или па училишниот патронат на ОО Ристо Крле (тогаш Виктор Бубањ) На фотографијата Учителот Панче , Борче Тргачевски и...

Учителката Анче со своето одд.

0
Фотографија од ООУ Гоце Делчев -насеба Илинден, а на истата Учителката Анче Дејановска со своето одделение во 1976 година.

ООУ Браќа Миладиновци-Миладиновци

0
Фотографија од 3-то одделение со учителката Веселка,фотографирани во 2003 година.

Училишна приредба пред-1978

0
Фотографијава е од некоја училишна приредба на учениците на ООУ Гоце Делчев -Илинден,во стариот дом на културата (можеби и патронотот на училиштето во мај...

4-в,одделение,ООУ Гоце Делчев-1989/90

0
ОО У Гоце Делчев ,4 -в одделение, некогаш и големиот одмор беше довоно време да се одмерат силите во фудбал,ама тогаш телефонот беше мисловна...

ОУ Гоце Делчев-Кадино

0
Фотографија од ОУ Гоце Делчев -Кадино во 1962/64 година. На фотографијата учителот Панче Арсов со учениците генерација родени според Dobrila GjorgjievskaОва е генерација 1954 1955...

Наставникот Димче со спортска екипа на училиштето

0
ОО У Гоце Делчев- населба Илинден Наставникот Димче Перчинковски, како долгогодишен наставник по физичко воспитание изведе многу врвни спортисти од разни области . И на...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ