*ОБИЧАИ ПРИ ПОРОДУВАЊЕ И ОДГЛЕДУВАЊЕ НА МАЛИ ДЕЦА
Во минатото во време на немање на основни услови за одгледување на деца ,топол дом,потребна облека ,бебешка храна ,лекарска и друга медицинска услуга, народот во минатото спроведувал разни обичаи, со единствена цел да го заштити и зачува породот .
Како за сите појави ,настани ,така и во спроведувањето на овие обичаи постоеле големи разлики кој како ги спроведува, во секое село ,па дури и во секоја куќа постоела разлика ,ама сепак поголем дел од истите ,се практикувале насекаде исто или со мали отстапувања.Од собраните усни сеќавања во Населба Илинден и поблиската околина воглавно се спроведувале следните обичаи и верувања.Каков ќе му биде животот на новородечето се гледало од тоа во кој ден ќе се родело,а како среќни денови се сметале понеделик,вторник и четврток и деновите со млада и полна месечина.
Од најстари времиња до денес, добивањето на принова се сметало за најголема среќа и бериќет во фамилијата. Порано, браковите без деца ја оптоварувале брачната врска. Затоа, најголемиот дел од брачните другари, биле приморани да посвојат, односно посинат новороденче, за да имало кому да се потпрат на стари години и кој да го наследи нивниот имот. За време на бременоста, жената морала да почитува многу правила за тоа што смеела и што не смеела да работи. Но, никогош не била ослободена од работните задачи дома и во полето. Поради ова, многу жени се породувале на нивите. Породувањето го извршувале искусна и вешта жена (бабица). Таа, по породувањето, папочната врска на мајката со детето, сама ја подврзувала и потсечувала, најчесто, со срп. За жал, овој начин на породување, кој се изведувал во крајно нехигиенски услови, често пати бил причина да дојде до сериозни здравстевни последиции, кои, не ретко, завршувале и со смрт за родилката.
По породувањето, бабица го бањала детето три дена.Инаку родилката со бебето била сместена да престојува и спијат покрај огништето во постаро време 40 дена по породувањето ,а покрај нив се оставал остер предмет нож,секира ,срп или друго .Со ова се верувало дека дека со сечивата на овие предмети дека ќе им се пресече патот на нечистите сили(навите )како што ги нарекувал народот ,за кои се мислело дека се причина за постпородилните тегоби на новороденчињата.А за да му се обезбеди среќна иднина на бебето на третата вечер ,кога доаѓале трите наречници ,детето го легнувале врз гаќите на татко му и завиткано со бел повој.По изминатите 40 дена детето се одвојувало од мајката за спиење и се префрлало во колепка (лулка)во која се ставале разни предмети за негова заштита(метла ,нож или друг остер предмет. Мајката, воглавно, ја посетувале жени нејзини блиски роднини тн. „повојничарки“. Големо значење се давала на третата вечер, кога, според верувањата, судбината на новороденчето му ја одредувале тн. „наречници„. За да се заштитат мајката и бебето од уроци, се практикувале повеќе обичаи. Најчесто, мајката околу вратот ставала и носела кромид нанижан на конец. Нејзе, истовремено, и било забрането и излегување надвор од куќниот праг веднаш по заоѓањето на сонцето. Детето, пак, за да се заштити од разни уроци и други зла„ на челото му се ставало црнило од саѓи од оган и до 40 дена по породувањето не се изнесувало надвор од куќата. Доколку во близина живееле две родилки (леунки), тие никако не смееле да се сретнат и видат, зашто, според верувањата, тоа можело да донесе несреќа. Но,за секој случај леунките си разменувале по некој дел од гардеробата ,најчесто шамија со цел да се заштитат од лошо , од несаканите последици, ако случајно се сретнат.
Според традицијата, веднаш по породувањето, се одело во црква на мала молитва. На четириесеттиот ден мајката, заедно со детето, оделе во црква на голема молитва. На враќање од црква, по обичај, на ручек одела кај нејзините родители, кај кумот, кај братот, кај сестра и или кај други блиски роднини. Кај кумот се одело за тој да кажел кое ќе било името на детето. Обично, децата биле крстени според името на некој поблизок предок(по дедото), или пак, според името на најблискиот верски празник. Овој чин се гледало да се заврши до официјалната крштевка на детото во црква. На денот на крштевањето, мајката на детето не одела во црква, бидејќи детето во црква го носела свекрвата, а на враќање кумата. Инаку, на денот на крштевката , родителите и кумовите ниту јаделе ниту пушеле додека детето не се врати од крштевката во црква ,за детето да имало здрави и убави заби. Првото никнато запче кај детето се застругувало со железна паричка, за идните заби да му биле здрави како железо, додека првите извадени млечни заби се фрлале на кров со изговарање на зборовите: ”еве ти господе коска, ти дај ми злато”. Ако детето проодело до годината, се сметало дека ќе биде добро, но ако задоцнело, се практикувал обичајот за „сечење“ на стрв со разни остри сечива како нож, секира, срп итн. Во друг случај, непрооденото дете се носело кај блиски роднини, при што на грбот на детето му се ставале„го товарале “со неколку деланки дрвца да ги однесе до дома. Потоа, дрвцата се ставале во запален оган на кој се греела вода,со која го бањале детето.
Интересно е да напоменеме и за уште неколку обичаи поврзани со чинот пред и после породувањето на детето. Така, пред породувањето, прцолот од косата на секоја жена бил накитен со пари и други украси. По породувањето, таквите китења се намалувале или избегнувале со оправдувањето дека, оттогаш па натаму, најголемиот украс на жената било нејзиното новороденче. Мајката на новороденчето, секогаш била облечена во нова руба. Таква облека носела дури и кога одела на нива со колепката на рамо, покриена со килимче. На нивата, потоа, се преоблекувале во стари алишта. При враќањето од нивата, повторно се облекувала во новите алишта, и така дотерана се враќала дома. По правило, герданот со лири даруван од свекрвата, невестата секогаш го носела околу вратот. Крајот на навестинството, според традицијата, завршувал со дефинитивното симнување од себе на невестинската кошула и нејзино чување за умирачка. Црвената шамија, што ја добила при свршувачката, ја носела до раѓањето на првото дете, а потоа, само кога одела на гости. Слично било и со статусот на младоженец, чиј статус на „млад маж“ траел една година по свадбата.
Доколку, пак, децата на некое семејство биле болни или „не вирееле„, најпрво се менувал кумот, кој, во нормални случаи, било грев да се исфрли. Детето, потоа, се носело и се оставало на првата раскрсница. Оној, што прв ќе наишол на раскрсницата, по правило, станувал нов кум на детето. На вака најдените деца, новиот кум им ги ставал специфичните имиња како Стојан или Стојка, Живко или Живка, Трајан или Трајанка, Најдо или Најденка итн. Со овие имиња, според верувањата, децата здраво ќе стоеле, ќе биле живи и здрави, ќе трале долги години итн.