7.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

Учителката Лиле со своето одделение

0
ОО У„ Гоце Делчев“-населба Илинден,учителката Лиле со своето одделение

8-оделенци од Браќа Миладиновци-1962г.

0
Фотографија од екскурзијата низ Југославија на 8 оделенците од ООУ Браќа Миладиновци-Миладиновци , предводени од Директорот на училиштето Драган Стојчевски,по завршување на завршната...

Матуранти при СОСУ,2017-2021

0
Фотографија од матурантите при средното општинско стручно училиште Илинден

Предновогодишна фотографија-од 90-те години.

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден,предновогодишна фотографија на која се наставничката Драгица Ѓорѓиевска со своето одделение ,нормално со пакетчињата што ги „донел“ дедо Мраз

Наставничката Горица Кржоска со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев,населба Илинден, предновогодишна фотографија ,само направена пред 23-24 години. Фотографија на Боце Ангеловски

Наставничката Борка со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев ,населба Илинден , на фотографијата наставничката Борка со своето одделение 8-б во 1981 година .За одбележување е тоа што се гледа...

ОО Ристо Крле-Кадино

0
На фотографијата претпоследната генерација пред заминување во пензија на учителот Панче ,во 1985 година ,во ОО Ристо Крле -тогаш Виктор Бубањ.

Наставничката Драгица Георгиевска со своето одд.

0
ООУ Гоце Делчев -населба Илинден,Наставничката Драгица Георгиевска со своето 2-б одделение фотографирани во 2007 година.Фотографијата ја испрати Јовица Георгиевски.

OOУ Гоце Делчев-населба Илинден

0
На фотографијата учителката Мирјана со своето одделение(38 ученика)во 1974 година

30 години од полуматурата во 2011г.

0
ООУ Гоце Делчев,фотографија од одбележувањето на 30 години од полуматурата во 2011 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ