9.8 C
Skopje
четврток, април 30, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Образование низ времето

Просветните активности во селата на денешната Општина, биле на ниско ниво и без соодветни просторни услови.
Училишето во Бунарџик било единственото училиште во тогашната општина Бунарџик ,кое било фирмирано уште во 1914 година .
-Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик.
-Во новонаселеното село Мршевци, основно четиригодишно училиште било отворено во 1923 година. Во почетокот, училиштето се наоѓало во куќата на Ѓура Радошевиќ, а од 1926 до 1932 година, во куќата на Радивое Миљковиќ, колонист од Крушевац.
-Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци
-Во с. Марино за прв пат училиште на српски јазик било отворено во 1939 година. И ова училиште било отворено во приватна куќа, а се учело во една набрзина адаптирана куќна про-сторија. Тука учеле само децата кои настава посетувале во прво и во второ одделение, а трето и четврто одделение учеле во с.Бунарџик. Во ова училиште настава во прво и второ одделение посетувале и децата од с. Белим-бегово.

ООУ Гоце Делчев-ученици на гроздобер-1981г.

0
Месец Септември месец на гроздобер Во минатото се практикуваше учениците од ООУ Гоце Делчев учествуваат во разни работни акции во стопанските организации од нашата средина.Таквите...

Наставничката Тања со забавачиња-2003/04

0
Фотографија на која се забавачиња со наставничката Тања ,во 2003/04 година

ОУ Гоце Делчев,Кадино

0
Фотографија од ОУ Гоце Делчев-Кадино , а на истата учителката Вера со своето одделение генерација родени 1964/65г.

ООУ Гоце Делчев,Осмооделенци

0
Фотографија од осмодделенци при ООУ Гоце Делчев -населба Илинден во 70-те години Горе:Ленче,Марина Николовска,Дуле- Кадино,Виолета -Кадино и Мирјана -Кадино. Доле:Бранко Стојковиќ,Непознат,Владе Костадиновски-Шливо и непознат.

Учителката Евантија со своето одделение

0
ООУ Гоце Делчев ,населба Илинден, на фотографијатa учителката Евантија со своето одделение ,генерација родени 1964 година.

ООУ „Гоце Делчев“-н. Илинден

0
Фотографија од 90-те години од минатиот век ,а на истата Класната Верица Велковска со своето одделение

ООУ Гоце Делчев-одбојкарска екипа

0
На фотографија училишната одбојкарска екипа -2013 година,предводена од натавничката по физичко воспитание Лила Петрушевска

Училишна екипа во фудбал- 1981

0
ООУ Гоце Делчев ,наставникот Димче Перчинковски покрај редовните плански активности од физичкото воспитување,особено работеше и на содавање на многу училипни спортски екипи осиобено фудбалски.

8-Б, ПОЛУМАТУРАНТИ ,2009

0
ООУ Гоце Делчев 8 -б , полуматуранти,со дел од нивните наставници.

Време кога учениците организирано летуваа

0
Фотографија од ООУ Гоце Делчев ,кога наставниците организираа летен одмор со учениците, предводени од некои од наставниците ,во случајов од наставниците Бране и Кента. Фотографијата...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ