24 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 27

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Фотографија од нашинци во Австралија

0
Фотографија од наши сограѓани кои долг период се со престој во Австралија. Од лево кон десно Киро Бошковски од родот Бејтовци,до него Вангел сопруг...

Скопска народна носија за млади

0
На фотографијава млад брачен пар,Петкана и Трпе , во типична скопска народна носија. Фотографија направена во 1942 година.

Драги,Билјана,Велко и Љупчо

0
Фотографија од 1973 година , а на истата Драги со ќеркичката Билјана,Велко Софковски-другар на Драги и внукот на Драги, Љупчо (Гриц)Бошковски.

Некоја прослава во Аџиевци

0
Фотографија од некоја прослава во Аџиевци во 70-те , а на истата и нивни роднини. Горниот ред првиот од лево кон десно Трпе Аџиевски ,а...

МАТЕЈ СПАСОВСКИ-Млад Поет

0
Матеј, наш сограѓанин е добитник на наградата " ГРАН ПРИ детска поезија (Македонија) "при Интернационалната Поетска Манифестација " СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО " Проектот " Сплоти...

Елена Тодоровска- Уметник

0
Елена, со уметност, цртање и креативност започнала  уште од најраното детство. Уште како дете знаеше на свој начин да го нацрта или искреира тоа...

Членови на КУД Илинден,пред настап

0
На фотографијата членовите на КУД Илинден Славица денес Павловска,Стојанче -Коџак Николовски,Гордана Јакимовска,(Слободан Павловски)и Светлана Крстевска ,во 80 -те.

Дејан Дурански

0
На фотографијата Дејан Дурански младиот „комита“,сликан како ученик на училишниот патронат на ООУ Гоце Делчев во учебната 1988/89 година

Дедо Блажо и внукот Горан

0
На фотографијата дедото Блажо со внукот Горан Соколовски во 70 -те години од минатиот век

Членови на КУД Илинден

0
Членови на КУД Илинден во 80 -те години од минатиот век . На фотографијата :Од лево кон десно Оливера Ѓорѓиевска ,Злате Лелов,Јасмина Тодоровска,Стојанче Николовски-Коџак,Билјана...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ