1.8 C
Skopje
сабота, мај 2, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 58

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Пеце Колев со дел од семејството

0
ПЕЦЕ КОЛЕВ,потекнува од староседелскиот род (КОЛЕВИ) ,покрај неговата неограничена страст спрема фудбалот ,беше познат и по самоукиот дрводелкарски занает .Тој вршеше такви услуги за...

Санде Дончевски со внуците-1970

0
*Санде Дончевски (1925-2015)сликан 1970г.,со своите внуци ,тука е и јагнето ,седнати на превозното средство чеза

Цветко и Благоја

0
*Оваа фотографија е снимена 1945/50г.,на истата е Цветко Петрушевски од родот „Дончевски“ и( Благоја Нацевски) од родот „Савеви“ и двајцата се родени околу 1930г. Во...

Бунар

0
Бунар за вода слика од Илинден , локација и особа непознатаи видете ја позадината на сликата,сите помошни објекти се покриени со трска.

Селски Бунар

0
Селски бунар за вода,вадење на вода со лост(фотографијата не е од наша средина иако и кај нас се користеше истат „техника“за вадење вода

Прва коларо ковачка работилница

0
*Ковачка работилница на Трпе Џиковски ,покрај ковачки -коларски услуги , мајсторите вршеле и други  потреби на соселаните,како во случајов  и точаци со мал чекич...

Прва занатска работилница

0
*Прва Ковачкo-Коларска работилница во Илинден ,на Трпе Џиковски-1957г. Работилницата се наоѓаше на истиот простор каде сега се наоѓа угостителскиот објект „Живот е Циркус“,наспроти зградата на...

Крсте Велковски-1950

0
Крсте Велковски прв современ кројач-шнајдер,во Илинден и пошироко -1950г.

Домашен добиток во зпрега

0
Воловската запрега или други запреги за кои се користеше домашниот добиток беа единствено транспортно средство до шеесетите години од минатиот век

Орање со железен плуг

0
Орање со коњска запрега и железен плуг-1955г,преставуваше голем напредок за претходното орање со дрвено рало.И во двата случаи зевгарот од волови,биволи или коњи претходница...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ