1.8 C
Skopje
сабота, мај 2, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 59

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Богатин Роглев со своето стадо-1960

0
Богатин Роглев со своето стадо на Јурија (денес тука е индустриска зона)-1960г

Тоде Атанасовски со своето стадо

0
Тоде Атанасовски со своето стадо -1970г.кај железничката станица Илинден,во тогашно време секое семејство имаше стадо од 30-50 овци,денес нема ни една овца.

Слика од Знаење-Имање-1983

0
*Слика од емисијата ЗНАЕЊЕ-ИМАЊЕ -1983Г.,размена на подароци со гостинската екипа од Окучани. Првиот од лева страна нашиот натпреварувач Славко железничарот ,во натпреварот тегнење јаже.

Орање со зевгар биволи

0
Санде Дончевски ора со биволи и дрвено рало ,жената што оди пред нив пушта(сади)пченка во бразда -1959г.

Бејтовци на копање

0
Бејтовци на копање-1960г.

Џиковци на копање-1964

0
 *Трпе Џиковски со синовите Васе,Иван и Ѓорѓи на копање -1964г.Kога ја добив оваа слика интересна беше изјавата на НАДА(на сликата)која кажа дека само неколку...

Производство на шекерна репа

0
*Првата декада од месец Октомври беше време кога се вадеше шекерната репка ,која од 70- 90-те години од минатиот век масовно се сееше во...

Жнеење со срп

0
До 1958-60г човекот и српот беа главни за жнеење,единствен начин на прибирање на лебот.

Први комбајни-1958-1960

0
*Драган Роглев,Пеце Риклевски и Диме Пиличковски со една од првите комбајни oколу 1958-1960г.Комбајот беше во сопственост на Земјоделската Задруга „Македонија“,која на жалост не ја...

Девојки во народна носија-1960

0
*Нада Илиевска ,денес Павловска и Витка,гостинка од Србија-1960г.,во народна носија од скопска блатија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ