1.8 C
Skopje
сабота, мај 2, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 57

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Младинци од Илинден -1966

0
*Фотографија од 1966 г.на група момчиња-беќари од Илинден . Горе:Бранко Дурански,Филип Капиданчев,Владо Ѓуровски(малиот на сликата),Миле Ѓуровски,Трајче Зајчев и Раде Панушков. Доле:Кире Дончевски-со капата ,од тогаш до...

Млади од Илинден-1962

0
*Фотографија од 1962г.,на истата Виктa,гостинка од Србија,(Васе Павловски-Џиковски),Нада Илиевска,и доле (Тоде Бошковски-Бејтовски)

Санде Дончевски на орање

0
СЛИКА ОД 1959г.,на сликава Санде Дончевски ,со својот ѕевгар(Биволи)пред да отпочне со орање со железен плуг.Сликата е направена во месноста „Кумсол“на само 500 метри...

Млади девојки од Илинден-1963

0
*На сликава млади девојки од Илинден: Живка Видинска,Цена Бејтовска ,(Рајна Дејановска) и(Нада Костадинова) ,сликани кај Црква во 1963 г. Црkовниот двор беше ограден со...

Тошо и Злата Пурчеви

0
На сликатаТошо и Злата Пурчеви,сликани-1943г. Во носија која освен чевлите ,другото е се рачно изработено во домашни услови.За многу генерации ученици ,на сликата е...

Поплава во Илинден -1979

0
Слики од поплавата која се случи во Илинден на денешен ден 21 ноември 1979г. на Св.Архангел .Во Илинден беа поплавени околу 200 куќи и...

*Младинци од Илинден

0
Фотографијава е од 1958г.,на истата младинци од Илинден ,на некој излет со тогаш најмодерното превозно средство -точакот.  На фотографијата по лично препознавање во горниот ред...

Гора и Петра

0
*На фотографијава ,девојките Гора Пурчева и (Петра Бејтовска),сликани на сред село ,точно на местото каде што е сега зградата на општина Илинден, околу1957/58г..Во позадина...

Велика роглева со правнуците

0
Има ли поголем дар за една баба од ова,ама и за правнуците има ли поудобно,потопло и посигурно место од скутот на баба .На сликата...

Војко Ангеловски со семејството-1968

0
*Семејството на Војко Ангеловски,сликано 1968г. На сликата Војко,Гена,Зоран-Бадел, Радица и близначките Весна и Валентина . СКРОМНО, АМА МНОГУ ВЕСЕЛО И СРЕЌНО! 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ