Свети Атанасиј Велики-зимен

0
843
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Фотографијата горе ,Св. атанасиј Велики
Фотографија доле граѓани од Илинден во седумдесетите години од минатиот век на една од прославите на Св. Атанас во црква Св.Константин и Елена .На истата се Благоја -Бане Трајковски (Шкодрев),Миле Симоновски (Дончевски) и Трипун Зајчев и други.На сликата се гледа како дел од собраните материјали изложени секој да може да си купи за здравје.
Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
Св.Атанас во народното верување се смета дека тој е победник над силните студови и мразеви, а денот е осетно зголемен. Со векови наназад Св. Атанас како во Илинден ,така и во многу други околни села ,Мралино,Бунарџик,Бујковци и други се празнува како празник на црквата .На тој ден во црквата во Илинден и другите села , во организација на црковниот одбор се одржува народен собир и веселби забавувани од групи музичари ,зурлаџии и тапанџии. Секој домаќин сабајлето одел во црква . а и денес така е и носи прехранбени продукти (кој што има)од кои се прави заеднички ручек .Се колат и по неколку овни ,а месото се користи со вариво-манџа од која ручаат сите присутни во црквата . На секој од присутните гости му се дава по малку од ручекот ,да однесе дома за домашните ,да пробаат од манџата за „здравје“. На овој празник по пат ждрепка, се одредува кој ќе биде кум за наредната година .Впечатливо е дека денес одбележувањето е со помала масовност , но тоа сепак и понатака се обавува ,запазувај ќи ја долгогодишната традиција .Нека е на помош и за многу години ,насите што го носат името Атанас,Танас,Тане ,Атанаско.Наско ,Насе им го честитаме именденот

 
 
 
Свети Атанас ,автор Аце Ѓорѓиевски
Претходниот артикал,СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ
Следната статија„ЦВЕТНИЦИ “ 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука