Ажурирана претходна објава.
Од овој род прв се доселил Коце и неговите синови: Тонче,Ангелко, Ѓоре, .а со нив дошол и Трајан (нивни деленик, останат сирак), во Илинден се доселиле во 1947 година од скопското село Сопиште.
*Тонче првиот син на Коце бил оженет за Пера, немале пород.
*Анѓелко,вториот син на Коце се оженил со Цвета и тој брак амаат пет деца:

Павлина омажена во Волково.
Ленка омажена во Стевкови во Илинден

Љубомир кој има две деца Ацо и Жаклина,
Драгана омажена во Костадинови во Илинден,и
Милица омажена е во Кадино.
Од вториот брак на Анѓелко со Еленка ,која го довела и нејзиниот син Владо Црничин им се природила ќерката, Коца.
Владо се оженил со Пандора и има две деца Билјана и Драган.

*Ѓоре вториот син на Коце се оженил со Пеца и имале две деца Борис и Трајанка.
Борис се оженил со Илинка и имале две деца Благоја и Силвана.
Благоја се оженил со Суза и имаат две деца Ирина и Ивана.

*Трајан,братанец на Коце и братучед на Тонче.Анѓелко и Ѓоре имал три сина, Божин, Николче и Зоран и две ќерки Илинка и Верка.
-Божин,првиот син на Трајан е о женет со Трпана имаат има три деца Маја Игор и Виолета.
Игор бил оженет со Наташа и имал две деца Милена и Никола.
-Николче вториот син на Трајан е оженет со Добрила има две керки Анета и Благица.
-Зоран третиот син на Трајан е оженет со Стојна и имаат две деца Трајче и Елена.
Илинка ќерка на Трајан се омажила во Скопје,а Верка се омажила Карбуница –Кичевско.
Денешното фамилијарно презиме на овој род е Спасовски.
Куќна слава им е „Св. Никола„.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************