„Маркова Колепка“

0
651

*Во населба Илинден има неколку локалитети во кои се одвивал живот во минатото и тоа :

„Маркова Колепка“,„Барутници-Требеши“„Барбарево“, „Беско Ливадче“, „Врпче„,Џабиица“и други.

Во денешната објава ќе го опишеме локалитет „Маркова Колепка“.

Овој локалитет се наоѓа на северозападниот дел од денешната населба ,на истиот по кажувања на постарите постоело село и гробишта од римско време .

 На овие локалитети и денес , може да се сретнат разни белези од старите живеалишта од средниот век и подоцна. Во педесетите години од дваесеттиот век, д-р Ј. Трифуновски направил многу теренски истражувања за многу села во Македонија, а во тој контекст го опфатил и поранешно село Белимбегово, денес Илинден.

Но локалитет „Маркова Колепка“никогаш не е извршено археолошко истражување, а сегогаш истиот од сите државни уредувања(власти)низ времето користен е за за „државни“ поотреби најпрво за време српско истиот бил доделен на некој големец во негово владеење ,а истиот не бил обработуван.

По ослободувањето 1945 година на тој локалитет биле изградени касарни за војска и резервоари за гориво потребите на војската во Град Скопје и за воениот аеродром кои беа во функции се до 70- те години од минатиот век.

 Веднаш, по преселувањето на воените единици од таа локација, на истото место бил изграден складот на Макпетрол. Според кажувањата на постарите жители, а кои едно време биле вработени во старите воени објекти на поранешната ЈНА, а подоцна, и во новоподигнатиот склад на Макпетрол, таму, при подигнувањето на новите објекти, биле “пронајдени остатоци и предмети од стари времиња”.   

Додека не била извршена регулацијата на речното корито на Вардар, тој низ скопско бил разводнет на многу краци ,најсеверниот негов крак поминувал непосредно покрај „Маркова Колепка“ .Преку тој крак во некое старо време имало изграден многу убав и многу голем камен мост. Под истиот наоѓале заштита од дождови луѓето кои моментално биле во негова близина како аргати по полето,децата кои го напасувале добитокот и други. Податокот за мостот се според кажувањата на еден наш сограѓанин(Николе Трајковски-Шкодрев)

Името на локалитет„Маркова Колепка“,според легендата односно кажувањата на постари жители  настанала од колепка исклесана од камен во која го исчувале Крали Марко.

Кога пораснал Крали Марко според легендата колепката ја фрлил од блиската планина Скопска Црна Гора(по наше Бара)и таа паднала на овој локалитет и по тоа и месноста се вика „Маркова Колепка“

Дури се раскажува дека колепката се однела во „Куршумли Ан “ во Скопје на чување.

Претходниот артикал,Шарпланинец
Следната статијаФ.К.„Кадино“ од Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука