Највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв името го добива на следниов начин:
Местото каде што се наоѓа врвот е во внатрешноста на масивот. Околу него се наоѓаат уште 2 врва со пониска висина и тоа Мал Турчин 2702м. и Бакардан 2700м. Најстарото име за ова место датира од многу одамна како Турчин Планина. Така го имаа наречено населението од Гостивар. Зошто?

За време на владеењето на Турците, Македонското население со некои од одговорните лица на турската војска биле во добри односи, но тие односи траеле се додека законот повторно стапил на сила. Тоа траело доста кратко! Бидејќи од Гостивар многу убаво се гледа овој дел од Шара, каде временските услови брзо се менувале, населените ова место го нарекло Турчин Планина. Променливото време ги потсетувало на променливиот карактер на Турците и затоа ова место го нарекле така.
За време на и по Втората светска војна врвот го добива името Голем Турчин, а останатите два ги добиваат и сегашните имиња, т.е. Мал Турчин и Бакардан.
Така е се до 21.04.1953 година кога со оклука на Собранието на Н.Р. Македонија врвот го добива името Титов Врв.