–„КРСТЕВСКИ“,БУЈКОВЦИ

0
577


Според кажувањата тие се првонаселени во Бујковци.
Првото место до селскиот крст му припаѓа на овој род ,што преставува доказ дека овој род е најстар во селото.
Порано овој род бил познат како Узуновци и Златановци,овие презимиња ги добиле по некои нивни предци Узун и Златан.
Златан поседувал големо стадо овци и „не се предавал на турците“и по него настанал топографското име„Златево Трло“.
Како најстар од овој род се спомнува Крсто,по кој се препознаваат денеска членовите на овој род, а негови потомци се: Спасо,Пануш,и Аврам.
Потомци на Спасо се :Петко ,Геле и Спасена
Петко првиот син на Спасо имал четири деца :Крсто,Благоја,Тодорка и Цана.
Крсто првиот син на Петко имал пет деца :Ника,Елица,Миле,Љубе и Цветан.
Ника има две ќерки
Елица има два сина

Дедото Трипун со внуците Трајче,Санде и Љубица,1956 години

Миле има две деца Кристина и Александар
Љубе има две деца Далибор и Тони,а Тони има 2 деца Матеј и Ана Марија
Цветан ,син на Крсто има три деца:Сузана,која има 2 деца,Кате ,која има 1 дете и Звонко.
Благоја вториот син на Петко имал четири деца:Живко,Боре,Драгица и Вера.
Живко првиот син на Благоја имал две деца Игор и Весна, а Весна има ќерка Марија.

*Боре,вториот син на Благоја има две деца :Тања и Новица.
Драгица ,ќерка на Благоја има две деца,додека Вера има три деца.
Тодорка ,ќерка на Петко има три деца Мирко,Дара и Тања.
Мирко син на Тодорка има двве деца, а исто така и Дара и Тања имаат по две деца.

Смиљана Крстевска во 70-те

*Геле вториот син на Спасо има четири деца:Јоско,Дара,Душанка и Вена.
Јоско син на Геле има четири деца,додека ќерките на Геле Дара,Душанка и Вена имаат по две деца.
Спасена ,ќерка на Спасо пет деца :Ѓоре,Крсто,Благуна,Бранко и Верка,сите имаат по две деца.

*Пануш ,вториот потомок на Крсто има четири деца :Трипун,Божин,Трајанка и Ѓурѓа.
Трипун,приот син на Пануш има син Панче.
Панче има три деца:Трајче,Санде Љубица.
Трајче ,син на Панче има две деца:Вале и Зоран.
Вале , ќерка на Трајче има син Стефан.
Зоран , син на Трајче има две деца Александар ии Филип.
Љубица ,ќерка на Панче,има син Слободан , атој има три сина Јован,Никола и Лука.
Санде син на Панче има две деца Сашка и Мики.
Сашка има две деца Моника и Ангела.
Божин син на Пануш,не оставил поколение.
Трајанка ,ќерка на Пануш,има четири деца.Томе,Шуро,Ангеле и Цвета,живеат во Кадино припаѓаат на родот Богдановци.
Ѓурѓа ,ќерка на Пануш има син Благоја.
Благоја, има четири деца :Ката,омажена во Маџари, а ,Гене,Дуле и Љупчо ,живеат во Бунарџик.

*Аврам,третиот потомок на Крсто,по него неговите потомци на галабаија ги викаат Аврамови.
Аврам ,имал два сина Стојче и Трпко.
Стојче,син на Аврам имал четири деца :Драга,Ѓорѓи,Златан и Цвета.
Драга, ќерка на Аврам има,три деца Душка,Трипун и Драган, сите имаат по две деца.
-Ѓорѓи ,син на Аврам има син Благоја, а Благоја има три деца Станка,Билјана и Славица.
Златан ,син на Аврам има четири деца:Снежана,Убавка,Столе и Лиле.
Снежана,ќерка на Златан има две деца,Убавка има две деца и Лиле има едно дете.
-Трпко ,вториот син на Аврам,има три деца:Димитрија,Благоја и Љубица.
Димитрија,првиот син на Трпко има две деца Драган и Дуле.
Драган,син на Димитрија има две деца Марина и Гоце.
Марина,ќерка на Драган има едно дете,Лана.
-Благоја вториот син на Трпко имадве деца Јасмина и Стевче.
Јасмина,ќерка на Благоја има две деца Бранкица и Бојан.
Стевче ,син на Благоја има две деца Кристијан и Теодора.
-Љубица ,ќерка на Трпко има две деца Весна и Дејан ,кои имаат по едно дете.
Куќна слава на овој род е Св.Архангел.

***************************************************************************

НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.

 На Ваше  укажување со факти истите ќе бидат  корегирани, дополнети или отсранети .

Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.

***************************************************************************

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -30 Октомври
Следната статијаНАДЕНЕШЕН ДЕН-31 Октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука