АЏАЛАРЦИ“
Овој род-галабија во тогашно Белимбегово доселени за време турско од соседното
село Аџалари и по тоа наречени се„ АЏАЛАРЦИ“ Инаку за нивното претходно место
на живеење пред доаѓањето во Аџалари според кажувањата се доселиле шест
браќа,според едни кажувања од некое село од падините на планината Китка, а
според кажувања пак на Стојанче Нацевски(нивни деленик)нивното потекло е од с.Кожле.Тројца од браќата
најпрво се доселиле во с. Миладиновци-Аџалари, а другиоте тројца се доселиле во
с. Бујковци.
Поделбата тројца во Миладиновци и тројца од браќата да се доселат во Бујковци , направена е да не бидат откриени,доколку ги бараат луѓето со кои претходно биле во конфликт .

Доселените во с. Миладиновци,
потоа, се преселиле во Илинден. Најстариот познат основач на родот бил Тодор
(1878-1948),кој имал три сина: Ангеле, Ѓорѓија и Диме. Ангеле имал два сина:
Зафир и Стојче.
*Зафир имал два сина: Петре и
Младен.
-Петре,син на Зафир имал два сина: Косто и Димче и две ќерки Верка и Нада.
Косто,син на Петре имал еден син Драги и ќерка Снеже.
Драги син на Косто има син Александар
Димче,син на Петре има еден син Горан и две ќеркиСветлана и Јасмина.
Горан син на Димче има две деца Никола и Сара.
Верка ,ќерка на Петре омажена за Никола-Коле има два сина.
Нада ,ќерка на Петре омажена за Ѓуро Пиличковски и има две деца Миле и Лиле.
-Младен,син на Зафир имал син Ристо и две ќерки Ангелина и Љубица.
Ристо,син на Младен има два сина Зоран и Дејан.
Зоран ,син на Ристо има еден син Кристијан .
Дејан ,син Ристо има два сина Даријан и…

(Денешните потомци на Зафир меѓу народот се познати и како „Зафирови“,иако се од родот „Аџаларци“)
*Стојче,син на Ангеле имал три сина: Најдо, Атанас и Борис и една ќерка Драгана која беше мажена за Трајче Ѓуровски(Костадиновски) .

– Најдо, син на Стојче има четири сина: Кирил, Димко, Трипун и Љубе.
-Кирил,син на Најдо има два сина Златко и Саше.
Саше , син на Кирил има две деца Кирил и Марија.
-Димко,син на Најдо има три сина Александар, Зоран и Гоце.
Александар,син на Димко има два сина Никола и Димитрија.
Зоран ,син на Димко има две деца Христијан и Александра.
Гоце,син на Димко има две ќерки Емилија и Стефанија.

– Трипун,син на Најдо има два сина Тони и Дејан.
Тони ,син на Трипун има син Антонио.
Дејан ,син на Трпун има три деца Стефан,Симона и Дамјан.
-Љубе,син на Најдо има два сина Драги и Игор.
Драги ,син на Љубе има две ќерки Каролина и Ива.
Игор ,син на Љубе има две ќерки Мартина и Сара.
-Атанас имал два сина Трајче и Ангеле.
Трајче,син на Атанас има два сина по име Горан и Бобан.
Горан,син на Трајче има два сина Христијан и Александар.
Ангеле вториот син на Атанас има една ќерка Елена и син Зоран.
Елена ,ќерка на Ангеле има две ќерки Ванеса и Ангела.
Зоран ,син на Ангеле има две деца Кристина и Мартин.
-Борис синот на Стојче имал син Љупчо.
Љупчо син на Борис имал еден син Стефан.

*Ѓорѓија ,вториот син на Тодор, , имал еден син Кољуш.
-Кољуш,син на Ѓорѓија , поради
тоа што немал машки деца, го посинил Бранко,а имал и ќерка Кина.
– Бранко имал два сина Ѓорѓи и
Љупчо и ќерка Лилјана,денес нивните потомци го продолжуваат нивниот род.
-Ѓорѓи ,син на Бранко имал две деца Дејан и Тања.
Дејан син на Ѓорѓи има три деца Бојана,Ѓорѓи и
Тања ,ќерка на Ѓорѓи има две деца Мартин и Мартина
Лилјана ,ќерка на Бранко е омажена во Бујковци.
-Љупчо вториот син на Бранко имал три деца Бане,Виктор и Сања
*Диме, кој бил третиот син на основачот на родот Тодор, имал само ќерки, поради што, за едната од ќерките Атанаса, го довел домазетот Славко од с. Црешово, од тој брак имале син по име Трајче и ќерка Нада.
Семејството на Трајче подоцна, се отселило во Скопје.
Аџаларци и Савеви биле стари деленици.
Денес, галабија„Аџаларци“ брои 12 куќи,со фамилијарни презимиња : Ангеловски и Тодоровски.
Куќна слава им е Митровден.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************