ЈАНЕВИ
Крошнарови е првиот назив за овој род ,но со време се претопил во ЈАНЕВИ најпрво живееле во Петровец ,потоа во Мралино,па во Бунарџик.
Јане, најстариот предок на овој род, од Бунарџик во Илинден, како домазет дошол кај Колеви за Јовка –ќерка на Коле.
По името на Јане оваа галабија во Илинден денес е позната под името ЈАНЕВИ.
Јане си формирал свој дом и семејство надвор од куќата на Колеви, имал пет сина и една ќерка, по име:Трајан,Атанас,Никола,Ѓорѓија,Петар и Лоза
-Трајан првиот син на Јане (подоцна отселен во Јурумлери), имал две деца Тоде и Тодорка.
Тоде,син на Трајан имал две деца Дејан и Габриела.
Тодорка,ќерка на Трајан има две деца.
-Атанас,вториот син на Јане имал два сина Славе и Зоран.
Славе има две деца Марко и Тамара.
Зоран,вториот син на Атанас има две ќерки.
Никола,третиот син на Јане имал четири ќерки:Рада,Лилјана,Сузана и Оливера.
Со оглед на тоа што сите деца на Никола биле женски во семејната куќа на Никола денес живее најстарата негова ќерка Рада со сопругот Бранко, а имаат две ќерки Маја и Сандра.
Лилјана,ќерка на Никола има две деца Васе и Соња.
Сузана,ќерка на има три деца:Кате,Ана и Стефи.
Оливера,ќерка на има две деца Марјан и Тања.
-Ѓоргија,имал два сина Драги и Љупчо.
Драги има две деца Даниел и Христина.
Љупчо има три деца Орце,Антонија и Јована.
– Петар,четвртиот син на Јане има четири деца :Снежана,Гордана,Владо и Ленче .
Снежана,ќерка на Петар има две деца Дарко и Кате.
Гордана,ќерка на Петар има две деца Марија и Валентина.
Владо,син на Петар има две деца Петар и Ева.
Ленче,ќерка на Петар има две деца Гоце и Дарко.
Лоза ќерката на Јане има два сина Бобан и Горан .
Денес во Населба Илинден од овој род има потомци кои живеат во шест куќи. Фамилијарното презиме им е Ѓоргиевски Куќна слава им е „Св. Никола„.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************