Најстари потомци на овој род биле браќата Томе и Тодор,кои се доселиле уште во турско.
Тие во Илинден дошле од с. Идризово,претходно живееле во селата Трубарево и Инџиково.
* Тодор, имал два сина Трипун и Ѓуре.
*Трипун,син на Тодор имал три сина: Василе, Луко и
Блажо.
За време турско еден млад човек по име Томе од овој род ,бил убиен од некој турски бег.
*Василе,син на Трипун, имал
еден син Богоја и две ќерки Верка и Нада.
-Богоја,син на Василе , имал еден син по име Цане и две ќерки Илинка.
Цане,син на Богоја имал два сина Марјан и Зоран.

Верка .ќерка на Василе има ќерка Мирјана која беше омажена за Тоде на Трајан син во Јурумлери..
*Луко,син на Трипун, во 50-тите г.од минатиот век се отселил во Скопје ,денеска овој род го продолжуваат синовите Цветан,Атанас и Раде .
*Блажо.син наТрипун имал четири сина Миле, Тоде и Боре и Ѓорѓи (кој по смрта на мајкаму бил посинет во Делчево)и три ќерки Олга ,Љубица и Цена .
-Миле,син на Блажо има син Горан и две ќерки Снежана и Кате .

Горан,син на Миле има две деца Антонио и Анастасија.
-Тоде,син на Блажо има син Слободан и ќерки Слободанка и Виолета.
Слободан ,син на Тоде има две деца Мартин и Ева
Слободанка ,ќерка на Тоде има
две деца Даниел и Александар.
-Боре,син на Блажо има две ќерки Анкица и Весна.
Анкица ,ќерка на Боре имаа две деца –близнаци Љупчо и Љупка.
Весна ,ќерка на Боре има две деца Марија и Бојан.
*Ѓуре вториот син на Тодор ,имал два сина, Велче и Петре.

-Велче,син на Ѓуре имал три сина: Стојанче, Никола и Љупчо и три ќерки Тана, Славица и Цеца.
Стојанче,син на Велче има две деца Жаклина и Ивица .
Никола,син на Велче има ќерка ,Александра.
Љупчо,син на Велче има две деца Александар и Горан.

-Петре,син на Ѓуре се отселил во Скопје ,а неговиот род го продолжува синот Душко.
Душко, син на Перо има две
деца Перо и Марија.
Денес во Илинден од родот
Бушеви живеат во седум куќи. Од оваа галабија произлегуваат следниве
фамилијарни презимиња: Тодоровски,Митревски и Трипуновски. Куќна слава им е
„Св. Никола.
Покрај другите ,податоци за овој род доставиа и Горан Митревски и Љупчо Тодоровски ,потомци на овој род.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************