НА ДЕНЕШЕН ДЕН -9 Декември

0
100

* 9 декември 2001.- На 71 година во градот Бризбејн, Австралија, почина македонскиот диригент Ванчо Чавдарски. Тој беше и директор на Македонската филхармонија и многу придонесе за растежот на тој ансамбл, за основањето на Камерниот оркестар на таа институција, како и за афирмација на македонското музичко творештво. Работеше и како шеф – диригент на Симфонискиот оркестар на Радиотелевизија Белград. Во последните години од животот, Чавдарски работеше во Јужна Кореја како диригент и универзитетски професор.

*9 декември 1922 година, Скопскиот првостепен суд – надлежен кривично, постапувајќи по тужбата под бр. 15.603, на државниот тужител ќе донесе осудителна пресузаведена под бр.17.325, за сите обвинети.

Од селото Раштак ќе бидат осудени:Бошко Петров, Петруш Стојковски-Василев, Иван Бонев-Ристев, Јовче Николов, Вељан Јованов, Тодор Димов, Ристе Петров, Неделко Неце Смилев, Богдан Трајков-Блажев, Ѓорги Трпков, Коста Трпков, поранешен свештеник, Филип Веле Петров и Петре Бонев- Ѓорѓев.Во пресудата, за попот Коста стои: „Обвинетиот Коста Трпков затоа што за Велигден-Воскресение оваа година примил писмо од  војводата Величко Велјанов, во кое овој го прашува колку селани имаат пушки и муниција и со одговорот му пратил 2 пара чорапи, а за сето тоа како државјанин и службеник на оваа земја не ја известил власта, туку им одел на рака на четниците непречено да ја шират пропагандата за отцепување на Македонија од овие земји. А во делот на пресудата за изречените казни обвинетиот поп Коста Трпков за делото изнесено во рефератот на оваа пресуда се казнува со 10 години робија, која казна ќе му се пресмета од денот кога е изречена пресудата, со тоа што веќе одлежаниот притвор од 5 месеци и 22 дена ќе се пресмета во издржаната казна, со тоа што да доиздржи уште 9 години, 8 месеци и 5 дена.“Ова е само за пресудените од Раштак ,а покрај осудените од Раштак ,со истата пресуда имало осудени и од лица Арачиново,Ајватовци,Сушица  и други села.

* 9 декември 1943.– Кај селото Бараково, Горноџумајско, во борбата против една бугарска полициска заседа загина македонскиот револуционер, Никола Парапунов. Роден е во Разлог, на 1 јули 1909 година.

* 9 декември 1997.- Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-8 Декември
Следната статијаНеколку,податоци за моштите на Св.Ѓорѓи-Победоносец

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука