Историјат на ООУ „Ристо Крле“-Кадино

0
639
ООУ „РИСТО КРЛЕ“-КАДИНО
По повод патронатот на Ристо Крле,кус осврт за историјјатот на истоименото училиште.

Првото основно четиригодишно училиште во с. Кадино било отворено во 1928 година. Пред тоа, учениците настава посетувале во с. Бунарџик. Училиштето, отворено по молба од селаните, било сместено во една приватна куќа и во него учеле до 60 учениците (бидејќи повеќе не собирало). Во 1934 година, повторно, по иницијатива на селаните, започнало да се гради новото училиште во селото. Од доброволниот прилог, што селаните го собрале во износ од 6.000 динари и 17.000 динари доделеникако помош од општината, од 1934 година започнало да се гради првото основно четиригодишно училиште во селото, кое целосно било завршено и пуштено во употреба во 1939 година.

За прв учител во 1928 г.бил назначен Никодин Урдаревски од с. Чучер, Скопско, кој во селото останал до 1930 година.

Од 1930 до 1931 година учителка била Надежда од Скопје.

Од 1931 до 1938 година,учителката била Милева Радин од Далмацијa.

Oд 1939 до 1941 година за учител бил назначен Трајан Деловски од Битола.

Наставата се изведувала на српски јазик.

На 1 октомври 1941 година, со редовна настава започнало да работи и училиштето во с. Кадино, но сега со настава на бугарски јазик посетувале околу70 ученици, а за учител бил донесен Велко Иванов од Софија, Бугарија.

Во 1945 година со редовна настава на македонски јазик започнало да работи и основното училиште во с. Кадино. За први учители  биле назначени: Јордан Качишки, Ирена Качишки, Миле Јакимовски по нивно заминување доаѓаат Вера и  Ристо Ристевски кои остануваат само една година.

Новата учебна 1945-46 година наставата ја започнале учителите: Александар Трајановиќ, Нада Димитрова, Стефанка Трифунова и Душан Проданов. Истата година била отворена и седмолетка,но, поради немање на наставен кадар, се затворила по 2 години.

Од учебната 1947-48 година до учебната 1957-58 година училиштето имало нагорен тренд на развој со зголемен број на учители и преку 100 запишаи ученици.

Во 1963 година била отворена настава и во петто оддeление со наставникот Ангеле Арсов и професорката по француски јазик Виолета Најденова. До овој период наставата во училиштето ја изведувале повеќе наставници, меѓу кои: Даница Андонова, Васил Нерковски, Стојна Трајковска, Васил Кирков, Стојка Неркова,  Панче Арсов и Виолета Арсова, Ангеле Арсов, Марија Тасковска, Олга Сарчева, Марица Момчиловиќ и други. Се наметнувало потреба од проширување на старото или градење на ново училиште.

Во 1978 година со самопридонес на граѓаните на град Скопје почнало да се гради новото училиште, кое со работа започнало на 15 октомври 1979 година, како подрачно училиште на ЦОУ „Гоце Делчев“ од населба Илинден.

Училиштето во Кадино до отварањето на новото училиште го носеше името ОУ „Гоце Делчев“.

Новото  училиште беше именувано ООУ„ Виктор Бубањ“новото име на училиштето беше доверено да го предлжат војните власти на Аеродромот Петровец,а тоа произлезе од добрата дотогашна соработка помеѓу училиштето и Месната Заедница во Кадино со  Аеродромот.

Во новото училиште ООУ во Кадино сега  настава посетувале прeку 300 ученици од 1 до 8-мо одделение,

Во составот на ова училиште се присоединиле учениците од с. Мралино кои тука посетувале настава од 5 до 8-мо одделение (претходно настава посетувале во Петровец) и учениците од селата Бунарџик и Ајватовци, кои дотогаш за следење на наставата патувале до населбата Илинден.

За прв раководител на училиштето бил назначен Љубе Бојковски. Училиштето работело како подрачно сe до 1981 година, кога било регистрирано како Централно основно училиште , со подрачни училишта во селата Мралино и Бунарџик.

Во 1988 година биле отворени едно забавиште со 30 дечиња и прва библиотека со преку 2000 книги.

Во 2000 година било променето името на училиштето од дотогашното„Виктор Бубањ“ во ЦОУ „Ристо Крле“.

Денес наставата во училиштето се одвива по современи наставни планови од страна на високообразован и целосно едуциран наставен персонал. Во училиштето има 335 ученици во 18 паралелки , а наставата ја обавуваат 25 наставници.

Училиштето располага со 10 универзални училници, 2 кабинета, 1 фискултурна сала и повеќе други помошни простории за изведување на наставниот процес.

ПУ во Мралино и Бунарџик располагаат со по 3 училници и по 1 канцеларија и неколку други помошни простории.

НАПОМЕНА:Секое дополнување со нови сознанија со кој би се збогатил овој текст е добродојден.

Претходниот артикал,Осветување на плаштеница со лик на мајката божја
Следната статијаБАБА ЦАНА – заштитен знак на кумановското угостителство

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука