НА ДЕНЕШЕН ДЕН -30 АПРИЛ

0
107

-30 април 1996г.Поднесена е ургенција на  претходно поднесеното барање за формирање на нова општина со назив „ИЛИНДЕН“, со седиште во населба Илинден. Барањето го поднесоа: МеснитеЗаедници:Илинден, Марино, Kадино, Мралино, Миладиновци, Мршевци, Дељадровц, и Бунарџик .Барањето за формирање на општина Илинден беше поднесено на 15 јануари 1996 г.,а со оглед на тоа долго време истото барање не беше разгледувано , а времето за новатаа територијална поделба се ближеше, се поднесе оваа ургенција.Ургенција беше поднесена едногласно од сите Месни Заедници ,како и претходното барање, со кое се бараше формирањето на општина Илинден . Но,под политички притисок  од тогашното највисоко раководство на општина Гази Баба и некои Пратеници од тогашниот Парламентарен состав од 23- 26 Јуни 1996г. сите Месни   Заедници одржаа седници на Советите на МЗ , со единствена цел да се отстапи од барањето за формирање на општина Илинден. По ова големиот дел од  Месните Заедници се откажаа или го условија барањето за формирање на општина Илинден .Доследни до крај и не подлегнаа на притисокот единствено останаа, Месните Заедници Илинден и Марино,кои со својата зголемена активност и со помош на поедини Пратеници  успееја во тоа барање да го изведат до крај, односно до формирањето на новоформираната општина Илинден кое се случи во септември 1996г.

-30 април 311.- Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го призна христијанството во Римското царство.

-30 април1903.- Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска. Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач

-30 април 1944.- Во селото Стаевци, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа Првото заседание

-30 април 1992.- Во Скопје, Редакцијата на весникот “Нова Македонија” и новинската агенцијата Франс прес од Париз потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.

-30 април 2000.- Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, Скопско, е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство.

Претходниот артикал,Марика и Светлана Јовановски
Следната статијаУченици фолклористи

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука