Mногу славни жени од историјата станале скопски снаи и невести, а многу од тие приказни се необични и малку познати.
Принцезата Симонида, била ќерка на византискиот цар Андроник Втори и царицата Ирина.
Во 1282 год., византијците биле поразени и морале Скопје да го предадат на кралот Милутин, кој со моќна војска бил во силна освојувачка експанзија во регионот. Градот и Скопската тврдина станале негова престолнина и главна резиденција. За да се спречат нови освојувања и да се одоброволат владетелите, се склучувале бракови меѓу припадници на одделни династии. Така, царот Андроник Втори на моќниот крал му ја понудил за сопруга својата ќерка, принцезата Симонида.
Со оваа понуда скандалот веќе бил на повидок, затоа што византиската принцеза имала само 5 години! А, кралот бил во поодминати годинии и најмалку 40 години постар од неа. Со бракот не се согласувале некои од владетелите на околните земји, но и самиот византиски патријарх не го одобрувал.. За да се склучи овој брак се воделе долги преговори.
Преговорите траеле долго, но успешно завршиле. Интересна е сликата како малечката невестаа е донесена во Скопје.
Поради сигурноста дека брачната врска ќе се одржи, кралот морал на византијците да им предаде заложници.
Предавањето на заложниците и прифаќањето на принцезата Симонида било извршено необично среде реката Вардар!
. Потоа, кралот, искачен на коњ, ја пречекал принцезата. Кога таа му се приближила, тој слегол од коњот за да ја поздравил, што се сметало за укажување на посебна почит.Принцезата била воспитувана во дворецот во Скопје, а кога наполнила 12 години била полнолетна, според законите од тоа време. Но, драмата допрва започнувала. Кога имала 22 години, починала нејзината мајка, царицата Ирина. Тогаш Симонида заминала за Цариград на погребот, и не сакала да се врати во Скопје. Барала да се замонаши.
Бесен, кралот испратил луѓе за да ја вратат назад. На враќање, некаде околу Сер, таа се обидела да избега, но безуспешно. По неколку години, кога наполнила 27 години, кралот починал во Скопје. Несакајќи повеќе да се мажи, таа заминала во Цариград каде конечно ја остварила својата желба – да му служи само на Бога! Се замонашила во цариградскиот манастир Св. Андреаа. Данило Коцевски, Вест)