5-октомври е Светски ден на учителите.
Денешниот ден на учителите и го посветуваме на нашата учителка АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА,која целиот работен век го помина во нашетоООУ“Гоце Делчев“-н. Илинден.Во Илинден се доселила во 1950 година и до крајот на својот живот остана да живее и работи тука.Млада полна со љубов полет,ја започнала својата учителска кариера . Во тешките повоени услови ,саздава блиска соработка со населението.Покрај редовната активност со учениците таа формира и аналфабетски курсеви за описменување на возрасното неписмено население,сиот културно-забавен живот во училиштето и селото го организирала Учителката Анче .Најголема нејзина љубов беа децата-учениците ,таа немаше нејзин пород ,но затоа како мајка ја доживуваа многу генерации деца од Илинден.
Учителката АНЧЕ беше носител на сиот култтурно –забавен живот и во селото сите културни активности во селото беа во нејзина организација. А, фолклорот и беше особена љубов ,со нејзината училишна фолклорна секција беше формирано КУД Илинден во 1975 година.Нејзината топла насмевка ,нежниот збор,нејзината искреност и љубов кон учениците и населението ,ќе останат длабоко врежани во срцата и душите на населението од Илинден.Почивај во мир наша учителке АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА,ти остави неизбришлив траг во Илинден.






































