ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“-МИЛАДИНОВЦИ
Во с. Миладиновци (тогашно Александрово), првото училиште се отворило во 1937 година. Во почетокот училиштето било сместено во приватната куќа на Воја Мишиќ, претседател на општина Бунарџик и во куќата на баба Вела од село Миладиновци. Куќата на В. Мишиќ се наоѓала во непосредна близина на железничката станица Миладиновци, непосредно до поранешниот млин и трафостаницата во селото, на околу сто метри јужно од сегашното осумгодишно училиште. Во почетокот, во училиштето настава посетувале ученици во прво и второ одделение, додека трето и четврто одделение учеле во основното училиште во с. Бунарџик.
По иницијатива на В. Мишиќ, во 1939 година била изградена училишна зграда со пари од општина Бунарџик и со средства собрани по пат на самопридонес од селаните во селото. Во новото училиште било овозможено, децата од селото запрв пат, настава да посетуваат од прво до четврто одделение.Наставата ја изведувале српски учители на српскијазик. Првата учителка во училиштето била Лепосава Јанковиќ од Сурдулица, денешна РепубликаСрбија. Таа била учителка сe до 6 април 1941 година, кога од страна на Бугарите била протерана од Македонија. Во училиштето настава посетувале 60-70 ученици во сите одделениеја. Учениците престојувале во училиште преку цел ден. За нив била организирана посебна исхрана со продукти, кои учениците си ги носеле од дома.
Храната –продуктите ,ја приготвувале училишните прислужници, кои во училиштето работеле по цел ден за минимален надоместок. Први прислужници во училиштето биле Борко Симоновски и Петар Теовски, двајцата од с. Младиновци.
Со доаѓањето на бугарите во 1941 година во с. Миладиновци училиштето и понатаму продолжило да работи со приближно ист број на ученици како и дотогаш,распоредени од прво до четврто одделение. Интересно е, дека во училиштето настава одржувале по двајца учители секоја година. Меѓу нив биле:Владо и Стојка, Спасоја и Мица, Лако и Тодор,Тинка, Ратка и Милка Пентакова, жена на тогашниот бугарски шеф на железничката станица во Миладиновци. Прислужник во училиштето од 1942 до 1944 година бил Јованче Јовчев од с.Бујковци.
Со забележителен успех во своето повеќедецениско успешно работи и ЦОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци. Запрв пат настава на македонски јазик во ова училиште започнала да се изведувана 23 ноември 1945 година. На овој ден со звукот на училишното ѕвонче биле повикани децата да влезат во училиштето и да ја започнат наставата, слободно и насвој мајчин јазик во тукушто ослободената македонска држава. Тогаш се собрале 98 деца кои биле распоредени во 4 одделенија. Првите македонски учителипри ова училиште биле: Трифун Живков,со средно образование од Војводина,Србија, и Стојка Матакова, со основно образование од Ново Село, Штипско. Именуваните учители започнале со работа на 7 ноември, уписот на учениците траел до 22, а нставата започнала на 23 ноември 1945 година.
Во ова училиште настава посетувале децата од селата Миладиновци и Бујковци. Други наставници кои работеле во училиштето во почетните години на неговото формирање биле: Спасија Николова од Прилеп, Атанас Атанасовски од с. Прободиште, Воденско, Егејска Македонија, со завршена учителска школа во Грција, кој од учебната 1947-1948 година, покрај тоа што држел настава на учениците од 1 и 2 одделение,бил и раководител на училиштето сe до почетокотна февруари 1955 година кога починал, Ангелина Николова од Скопје со оформено учителско образование, Милица Киријаку од Битола, без оформено учителско образование, Јордан Ташевски (почнал да работи од учебната 1955-1956 година) од Егејскиот дел на Македонија, со завршена учителска школа, кој по смртта на А. Атанасовски бил поставен за управител а подоцна и за директор научилиштето и.т.н.
Од учебната 1945 – 1946 година до учебната 1956-1957 година училиштето било четиригодишно и во него настава посетувале ученици од селата Миладиновци и Бујковци, чиј број од 98 во 1945 година нараснал на 229 ученици во 1957 година. Тогашниот Околиски народен одбор одобрил да сеотвори 5 одделение, во кое биле запишани 90 ученика.
Таа 1956 – 1957 година претставува пресвртница за образованието и културата на ова подрачје, бидејќи училиштето од оваа година од четиригодишно било издигнато во ранг на осумгодишно основно училиште и за прв пат биле запишани ученици во 5 одделение. Во учебната 1959-1960 година завршила првата генерација на 52 осмо-одделенци, од кои поголемиот дел своето образование понатаму го продолжиле во средните училишта во Скопје. Со одлука на Народниот одбор на Општина Петровец од 1 октомври 1962 година ова училиште било прогласено за централно со подрачни паралелки во селата Текија и Мршевци. Во училиштето настава од 1 до 4 одделение посетувалеучениците од селата Миладиновци и Бујковци, а од 5 до 8 одделение ученици од Миладиновци, Текија, Бујковци, Дељадровци, Мршевци, Бучинци, Белимбегово, Бунарџик, Марино, Горно Коњари,Дивље и други. Во оваа година во училиштето, покрај другите, бил вработен и Драган Стојчевски роден 1932 година во с. Павлешенци, Свети Николско, кој воедно бил поставени за директор на училиштето. Со името на Драган Стојчевски се поврзани многубројни активности од сите области на работата на училиштето,воедно и во селото . Тој бил иницијатор на формирањето на фолклорната секција, на рецитаторско-литературната секција, но и на ученичката задруга, а се заложил и за воспоставување соработка со повеќе училишта во Македонија и во просторот на поранешна СФР Југославија,за објавување на училишниот весник„Млад Задругар“ и на други многубројни активности кои му дале белег на ова училиште сe до денес. Затоа името на овој вљубеник во децата и во училиштето ќе остане запишано во историјата на ова училиште, но и во сеќавањата на сите оние кои го познаваа и кои имаа среќа да се дружат, да работат и соработуваат со овој прекрасен педагог, директор, другар и пред сe човек. Денес во учебната 2007-2008 година, во ЦОУ„Браќа Миладиновци“ настава посетуваат ученици од населените места Миладиновци, Мршевци,Бујковци, Бучинци, Текија и Дељадровци. Во составот на училиштето работат и две подрачни четиригодишни училишта во селата Текија и Мршевци.
Денес ОО У „Браќа Миладиновци “ од Миладиновци учат 407 ученика во 22 паралелки , а наставата ја изведуваат 31 наставници.
По иницијатива на В. Мишиќ, во 1939 година била изградена училишна зграда со пари од општина Бунарџик и со средства собрани по пат на самопридонес од селаните во селото. Во новото училиште било овозможено, децата од селото запрв пат, настава да посетуваат од прво до четврто одделение.Наставата ја изведувале српски учители на српскијазик. Првата учителка во училиштето била Лепосава Јанковиќ од Сурдулица, денешна РепубликаСрбија. Таа била учителка сe до 6 април 1941 година, кога од страна на Бугарите била протерана од Македонија. Во училиштето настава посетувале 60-70 ученици во сите одделениеја. Учениците престојувале во училиште преку цел ден. За нив била организирана посебна исхрана со продукти, кои учениците си ги носеле од дома.
Храната –продуктите ,ја приготвувале училишните прислужници, кои во училиштето работеле по цел ден за минимален надоместок. Први прислужници во училиштето биле Борко Симоновски и Петар Теовски, двајцата од с. Младиновци.
Со доаѓањето на бугарите во 1941 година во с. Миладиновци училиштето и понатаму продолжило да работи со приближно ист број на ученици како и дотогаш,распоредени од прво до четврто одделение. Интересно е, дека во училиштето настава одржувале по двајца учители секоја година. Меѓу нив биле:Владо и Стојка, Спасоја и Мица, Лако и Тодор,Тинка, Ратка и Милка Пентакова, жена на тогашниот бугарски шеф на железничката станица во Миладиновци. Прислужник во училиштето од 1942 до 1944 година бил Јованче Јовчев од с.Бујковци.
Со забележителен успех во своето повеќедецениско успешно работи и ЦОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци. Запрв пат настава на македонски јазик во ова училиште започнала да се изведувана 23 ноември 1945 година. На овој ден со звукот на училишното ѕвонче биле повикани децата да влезат во училиштето и да ја започнат наставата, слободно и насвој мајчин јазик во тукушто ослободената македонска држава. Тогаш се собрале 98 деца кои биле распоредени во 4 одделенија. Првите македонски учителипри ова училиште биле: Трифун Живков,со средно образование од Војводина,Србија, и Стојка Матакова, со основно образование од Ново Село, Штипско. Именуваните учители започнале со работа на 7 ноември, уписот на учениците траел до 22, а нставата започнала на 23 ноември 1945 година.
Во ова училиште настава посетувале децата од селата Миладиновци и Бујковци. Други наставници кои работеле во училиштето во почетните години на неговото формирање биле: Спасија Николова од Прилеп, Атанас Атанасовски од с. Прободиште, Воденско, Егејска Македонија, со завршена учителска школа во Грција, кој од учебната 1947-1948 година, покрај тоа што држел настава на учениците од 1 и 2 одделение,бил и раководител на училиштето сe до почетокотна февруари 1955 година кога починал, Ангелина Николова од Скопје со оформено учителско образование, Милица Киријаку од Битола, без оформено учителско образование, Јордан Ташевски (почнал да работи од учебната 1955-1956 година) од Егејскиот дел на Македонија, со завршена учителска школа, кој по смртта на А. Атанасовски бил поставен за управител а подоцна и за директор научилиштето и.т.н.
Од учебната 1945 – 1946 година до учебната 1956-1957 година училиштето било четиригодишно и во него настава посетувале ученици од селата Миладиновци и Бујковци, чиј број од 98 во 1945 година нараснал на 229 ученици во 1957 година. Тогашниот Околиски народен одбор одобрил да сеотвори 5 одделение, во кое биле запишани 90 ученика.
Таа 1956 – 1957 година претставува пресвртница за образованието и културата на ова подрачје, бидејќи училиштето од оваа година од четиригодишно било издигнато во ранг на осумгодишно основно училиште и за прв пат биле запишани ученици во 5 одделение. Во учебната 1959-1960 година завршила првата генерација на 52 осмо-одделенци, од кои поголемиот дел своето образование понатаму го продолжиле во средните училишта во Скопје. Со одлука на Народниот одбор на Општина Петровец од 1 октомври 1962 година ова училиште било прогласено за централно со подрачни паралелки во селата Текија и Мршевци. Во училиштето настава од 1 до 4 одделение посетувалеучениците од селата Миладиновци и Бујковци, а од 5 до 8 одделение ученици од Миладиновци, Текија, Бујковци, Дељадровци, Мршевци, Бучинци, Белимбегово, Бунарџик, Марино, Горно Коњари,Дивље и други. Во оваа година во училиштето, покрај другите, бил вработен и Драган Стојчевски роден 1932 година во с. Павлешенци, Свети Николско, кој воедно бил поставени за директор на училиштето. Со името на Драган Стојчевски се поврзани многубројни активности од сите области на работата на училиштето,воедно и во селото . Тој бил иницијатор на формирањето на фолклорната секција, на рецитаторско-литературната