Скопски аквадукт

0
129

Со својата должина од 385 метри скопскиот аквадукт е единствен таков објект во Македонија и еден од трите сочувани аквадукти на просторот на поранешна Југославија.

“Иако аквадуктот е сочуван во целата должина од 385,80 метри, неговите делови се во лоша состојба, а некои од нив се фрагментарно сочувани. Основната причина за таквата состојба е константната изложеност на климатските промени и непреземањето на мерки за одржување и непосредна заштита.

Историјата на аквадуктот во СкопјеСкопскиот аквадукт денес е споменик на културата, но подземните делови од продолжетокот на трасата кон север и кон југ, според надлежните во Управата за заштита на културно наследство, се уште се археологија.
“Трасата на аквадуктот водела од изворот Дуло во атарот на село Бањани, низ катастарските општини на селата Глуво, Бразда, Горно Оризари, Шуто Оризари, Чаир се до Скопје Центар. Водата била спроведена за потребите на Скопското кале и долниот град што се ширел на просторот на Бит-пазар. Долго време се сметало дека скопскиот аквадукт датира од римско време, поточно во времето на императорот Јустинијан Први, но професор д-р Константин Петров од Филозофскиот факултет во Скопје докажал дека аквадуктот бил изграден во периодот меѓу 1392 и 1566 година, најверојатно во 16. век”.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука