Фотографија од паралелката 7-в во учебната 1974/75 година при ООУ Гоце Делчев-населба Илинден.
Класен раководител на одделението е наставникот Србислав Илиќ.
Паралелка составена од ученици од Илинден,Марино,Кадино,Ајватовци и Бунарџик, а бројот на ученици во училиштето достигнуваше 1500-1600 ученика.
Време во кое наставата почна да се изведува дури и во три смени и во таква неодржлива состојба започна иницијатива за изградба но ново осумгодишно училиште во Кадино.
По долги расправи каде да биде идната локација на новото училиште,која ќе одговара за повеќето од селата се одлучи тоа да биде во центарот на Кадино.
Иако претходнапредвидена локација беше на раскрсницата за Бунарџик и Кадино(Кадинска Кривина),со образложение таа локација најмногу одговара на Кадино,Марино,Ајватовци и Бунарџик.
Но кадинското лоби со подршка уште на две други Месни Заедници се избори за денешната локација.






































