*29 јули 1971.- Почнувајќи од 1971 година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.
КУД „ИЛИНДЕН“ од населба Илинден во тој период беше редовен учесник на сите републички фестивали , смотри и други манифестации.
Така и на овој фестивал на „Илинденски Денови“,Битола 1977година, учествуваше и многу успешно се престави,пред битолската публика и другите присутни посетители.
*29 јули 1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.
*29 јули 1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна
*29 јули 1961г.,роден е Бранимир Јовановски. Има постигнато извонредни резултати во текот на 20 годишната кариера, која може да се сублимира со следниве показатели, 1 златен олимписки медал, 2 сребрени и 1 бронзен медал од светски првенства, 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медала од европски првенства, 16/3/10 медали од европски купови и од други меѓународни натпревари.Освојувач на златен медал на ЛПОИ во Барселона 1992 година во дисциплината воздушен пиштол и малокалибарски пиштол 14 место, на ЛПОИ Атланта 1996 7 место воздушен пиштол, 12 место малокалибарски спортски пиштол и 15 место малокалибарски пиштол слободен избор, на ЛПОИ Сиднеј 2000 6 место воздушен пиштол, 9 место мк пиштол слободен избор и 12 место мк спортски пиштол, на ЛПОИ Атина 2004 5 место мк пиштол, 11 место воздушен пиштол и 22 место спортски пиштол.Има освоено прво место на Светски куп Загреб 2007. Како тренер беше учесник на ЛПОИ Пекинг 2008, ЛПОИ Лондон 2012 и ЛПОИ Рио 2016. Јовановски беше избран за спортист на Македонија за 1992 година, а сега е селектор и тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за инвалиди. Во 2012 година е избран најдобар тренер во Македонија.Член е на Управниот Одбор и на Собранието на МОК. Член е на Клубот на Великаните на МОК од 2002 година.
*29 јули 1982 ,се родил Перо Антиќ — македонски кошаркар македонски актуелен претседател на Кошаркарската Федерација на Македонијаи поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација. Антиќ е висок 210 см и тежок 110 кг, а игра на позицијата центар. Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички“, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во “КК Работнички од Скопје во 1999 година. Од 2001 до 2005година, Антиќ настапувал за „АЕК“ од Атина. Со овој тим во 2001 го освоил Купот на Грција, а во 2002 година, по цели 15 години, клубот постанал шампион на Грција). Од 2005 до 2007 година, тој настапувал за „КК Црвена Ѕвезда“ и во 2006 година го освоил Купот на СЦГ. Потоа, кариерата ја продолжил во „КК Лукоил Академик“ од Софија, каде играл од 2007 до 2008 година.
*29 јули 1983 се родил Илчо Наумоски — македонски фудбалер.
*29 јули 1982.- Во Принстон, САД, умре Владимир Зворник, “таткото на телевизијата”. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година
*29 јули 1992 година Собранието на Македонија донесе Одлука за членство на Македонија во Обединетите Нации.
*29 јули 1993.- Киргистан ја призна Република Македонија.