Вчера отпочна изградбата на новиот дел за доградба на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
На свеченоста по повод поставување на камен –темелникот покрај големиот број присутни беа и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Претседателот и Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Владо Мисајловски.
Со доградбата на централниот објект на Детската градинка Гоце Делчев ќе се изградаат 2 занимални во кои ќе бидат згрижени околу 35 деца на возраст од 9 до 24 месеци.
Доградбата ќе се простира на 280м2 бруто површина, а ќе биде изведена согласно правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност. Во дворот ќе бидат изградени два детски парка, и тоа парк со детски реквизити и парк за моторен развој на децата.
Инаку градинката започна со работа во 2009 година и згрижи 80 деца во 4 воспитни групи.
-Прва доградба во 2012 година градинката се прошири и згрижуваше 230 деца во 9 воспитни групи.
-Втора доградба во 2016 година градинката повторно го зголеми својот капацитет и оттогаш згрижува 370 деца во 16 воспитни групи.
-Во 2020 градинката овозможи згрижување на дечиња од јаслена возраст и се отворија 2 јаслени групи. До овој момент градинката располага со 13 воспитни и 3 јаслени групи и згрижува вкупно 400 деца.
-Во меѓувреме ,односно во Декември 2020 година започна со работа објектот „Прв чекор“ во н.м. Миладиновци, клон при Централниот објект. Градинката располага со 4 групи, односно 3 воспитни и една јаслена група, оваа градинка ја посетуваат вкупно 95 деца. Вкупната нето површина на градинката изнесува 443,36 метри квадратни. Градинката располага со 4 занимални, дистибутивна кујна, 2 тераси, котлара.
-Третата доградба со вкупно 22 групи распоредени во 2 објекти и ќе бидат згрижени вкупно 560 деца, со што ќе го реши проблемот со капацитетoт на градинката и во иднина повеќе нема да има ниту едно дете на листи за чекање за прием во градинка.
Средствата за доградбата и опремување на градинката обезбедени се од буџетот на општина Илинден,изјави Градоначалникот Александар Георгиевски.