ДЕНЕС 20 ОКТОМВРИ-2019 СО ПОЧЕТОК ОД 8 ЧАСОТ, ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ ТРИФУН“ ВО АЈВАТОЦИ.
Во Ајватовци постојат два црковни храма „Св. Трифун“ и „Свети Петар и Павле“
Свети Трифун како главна селска црква, се наоѓа помеѓу двата рида во горниот дел на селото, се претпоставува дека нејзината градба е започната при крајот на 19 или почетокот на 20 век.
Денес,20 октомври 2019година, по сите внатрешни и надворешни уредувања ќе се изврши свечениот црковен чин осветување на црквата.

Инаку во овој Црковен Храм се одржува традиционалната манифестација на одбележување на празникот на лозарите за избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот го вршат членовите на „Винско витештво“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.На оваа манифестација традиционално учествуваат по 10-15 учесници од Ајватовци ,околните села и пошироко.