Никола Трајковски (музичар- хорнист) 

0
203

*Никола Трајковски (музичар- хорнист)
Роден на 30.05.1996 година, живее во н.Илинден Своето основно образование го завршува во ОУ Гоце Делчев во Илинден, каде што од страна на наставникот по музичко Јовче Петковски е забележан неговиот талент за музика.
Паралелно со основното посетува и нижо музичко каде што се определува за инструментот хорна. Средното образование го завршува во ДМБУЦ Илија Николовски- Луј во класата на професорот по хорна Александар Гошев.
Во текот на средното образование учествува во школкскиот оркестар со кој имаат успешни концерти насекаде низ Македонија.
Како солист учествува во државни натпревари по хорна и тоа: 2011- прва награда 2012- втора награда 2013- прва награда 2014- специјална прва награда 2016- прва награда 2018- прва награда Во 2015 учествува на меѓународниот натпревар Охридски бисери, каде што добива прва награда.
Во текот на средношколските денови избран е да биде дел од Супер оркестарот кој го сочинуваат ученици од средните музички училишта од Словенија, Србија и Македонија, со кој остваруваат концерти во Љубљана, Белград и Скопје. Во 2014 прави свој прв солистички концерт во Струмица.
Своето образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Александар Гошев. Учесник е во неколку камерни состави и во симфонискиот оркестарот на факултетот со кој секоја година остваруваат успешни концерти во Скопје, а оваа година оркестарот и хорот при факултетот учесвуваа на меѓународиот фестивал FIMU во Белфорд- Франција каде што забележаа огромен успех.
На Никола му преостанува уште една година од студиите, а веќе како студент активно учествува во оркестрите на Македонската Филхармонија и Македонската Опера и Балет.
Инаку, Никола потекнува од староседелскиот род „Шкодреви“,а неговиот талент и склоност кон музиката го црпе од генот неговите претходници ,познати по својата дарба кон занаетчиството,музиката ,уметноста Секоја претходна генерација од овој род давала успешни поединци од погоре наведените дејности.
Населба Илинден на Никола му посакува успешна музичка кариера

Претходниот артикал,Нада Стојановска во народна носија
Следната статијаИванден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука