Манастирот Св. Андреја – Матка

0
29

Манастирот Св. Андреја – Матка бил создаден кон крајот на XIV век, во 1388/1389 година, во кризни, турболентни историски околности, непосредно пред и за време на Косовската битка (1389) а пред освојувањето на Скопје од страна на Османслиското Царство (1392). Тој бил изграден на мошне безбедно и тешко пристапно место во карпестиот теснец Матка, високо над коритото на реката Треска, на зарамнет простор на левиот речен брег, на подрачје кое било под власт на кралот Марко (1371-1395) и спаѓало во пограничната зона на тогашната Маркова држава, а му припаѓало на принцот Андреаш, вториот син на крал Волкашин (1365-1371) и кралицата Елена, брат на кралот Марко.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука