

Денес на денот на одбележувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица,Ви го преставуваме Црковниот храм посветен на мајката божја воБујковци.
Црквата Успение на Пресвета Богородица — православен христијански црковен храм .Храмот се наоѓа на веднаш над последните куќи во самото село Бујковци. Бидејќи во селото Бујковци во минатото немало црква заради што селаните за верски потреби ги посетувале црквите во поодалечените села Таор и Студена Бара.
Овој црковен храм е новоизграден крај камениот крст посветен на Св. Атанасиј кој бил поставен „на сила“ уште во отоманско време.
Успение На Пресвета Богородица е почната со изградба 2000-та год.
Осветена е 2011та год. Фрескописот е завршен 2018та год. од Андонов Стојанче, а црквата е завршена со помош на месното население на с. Бујковци и други пријатели и верници.
На храмот и верниците во Бујковци служи еден од најактивните црковни одбори ва нашава средина.Нивната активност се гледа и по перманентната доизградба на храмот како внатре ,така и неговата околина.Така за релативно кратко време речиси се што требаше се уреди и доизгради.