Бучинчани сложно со голема желба и божја сила, деновиве засилено ја реновираат црквата Свети Троица во Бучинци.

Инаку, црквата-објектот беше во многу лоша состојба,каде што поправката –реновирањето беше неопходно.
Вредните жители од селото се договорија,односно покренаа иницијатива со свои лични средства и работна рака да го извршат реновирање на црквата и други уредувања околу црквата.

Средствата за црквата се собрани од селото за кратко време и иницијативата е многу добро прифатена од сите граѓани на Бучинци, како и на бројни верници од околните села и Градот Скопје, како и од наши сограѓани надвор од границите на Македонија.

Црквата „Св. Троица“ – Бучинци — средновековна црква од крајот на XVII век, изградена e на темели на постара црква, првично изградена со камен. Првото реновирање е направено од жителите на Бучинци во 80-те години. Сега повторно со иницијатива од младите на Бучинци со собирање на средства од жителите и иселените жители е започнато реновирање на кровот фасадата и дворот на црквата, а понатака и на внатрешниот дел.

Исто така селската слава на Бучинци е Света Троица.
Aкцијата е во полн ек, кој сака да помогне или дарува за здравје е добредојден.