АЛЕКСАНДАР АРСОВСКИ –Музичар.(Денес млад талент, идниот Кочо Петровски,Милан Завков,Горан Алачки…)
Роден е на 4 Август 1999 година, во н.м. Миладиновци- Илинден.Со основно образование се стекна во ОУ „ Браќа Миладиновци “ с.Миладиновци. Уште од најрани години изразува особена желба за музиката. На своја 8 годишна возраст започнува да зема часови по хармоника кај маестро Игор Петрушевски. Поткрепен од професорот, овој млад ентузијаст потполно се посветува на остварувањето на неговиот најголем сон и го продолжува своето образование во ДМБУЦ “ Илија Николовски- Луј “, каде започнува да свири на тромбон кај професорот Ташко Тодоров. Иако започнува да свири на тромбон, тој не се откажува од својата прва љубов хармониката . Како доста вреден и посветен тој свирејќи тромбон успева да победи на општинскиот натпревар за млади музичари , успесите се редат тој победува исто така и на регионалниот натпревај заземајки го првото место , а како негово најголемо достигнување се смета освоеното второ место на државниот натпревар на Република Македонија одржан на 13 Мај 2016 година. Потоа овој млад талент посветувајќи исто преголемо внимание и на хармониката има одржано многу настапи со познатите фолк пеачи : Орце Стефковски, Злате Антевски, Виданка Ѓоргиевска и др. Во делот од целокупната негова историја се вбројуваат и неколкуте настапи со КУД Илинден, но кои покрај многуте обврски не успеа целосно да им се посвети. А како еден од настаните на агендата , предвиден е и настапот на „ Тетовски филиграни ” кој ќе се одржи во Дом на АРМ каде што ке настапува со познатиот Злате Антевски. Во последно време почнаа и неговите настапи и негово преставување пред македонската публика во емисии на неколку ТВ куќи. Но, овој млад талент не запира тука , смело продолжува да го чекори патот кон успехот.
Населба Илинден на Александар му посакува успешна музичка кариера.