Матеј Шишковски –фолклор

0
269

Матеј Шишковски од Илинден, уште како мал растел со голема желба еден ден да стане играорец и така пред 5-6 години започна да се занимава и да ги изучува вештините а изведувањата на македонските ора и песни во Анпи Илинден-населба Илинден..

По извесно време ,односно од минатата година 2022 година стана член на ансамлот за народни песни и игри Орце Николов од Скопје.

Да станеш член на еден од најдобрите ансамли во Македонија е голема чест привелегија и успех за секој играорец.

За Матеј  немаше поголеми потешкотии да стане член на првата машка постава затоа што тој со леснотија и голем жар се внесува во изведување на народните ора и тоа доста успешно.

Населба Илинден ,на Матеј му посакува успешна фолклорна кариера.

Но , истовремено не ли е време и после 13 г. од формирањето на нашиот Ампи Илинден да ги задржува повозрасните и добри играорци во своите редови.

Претходниот артикал,Фолклорна секција која прерасна во КУД Илинден
Следната статијаАманетот на Гоце

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука