*Матеј Тушевски- млад вокален интерпретатор.
Роден е 11 јуни 2004 година ,живее во Дељадровци-Илинден,ученик е во ученик во ООУ Браќа Миладиновци –Миладиновци.
Матеј е голема музичка надеж,како вокален интерпретатор ,уште од најрана возраст пројавува голем интерес и желба за музиката,особено кон пеењето.
Тој веќе две години учествува на музичките натпревари во дисциплина ,вокален интерпретатор и постигнува високи резултати.
Така на музичките натрпревари во изминатите години во Гази Баба го освои третото ,второто и оваа година првото место.
Како и сите така и Матеј желба му е да стане успешен пејач ,а идол му е како и на мнозина други ,нашиот Тоше Проески.
Голема подршка за занимавање со песната и музиката Матеј ја добива од неговиот музички ментор , неговиот наставник по музичко воспитување –Јовче Петковски.
Инаку Матеј членува во Ансамлот Трајко Прокопиев од Куманово,кој работи неколку години под водство на Драгица Каранфиловска-оснивач ,Марио Стојковски –Претседател и Перица Димковски –кореограф на ансамлот.
Како член на овој ансамбл Матеј учествуваше на повеќе музички натпревари во Унгарија , Србија каде од нивна страна беа освоени првите места.
Оваа година неговиот Ансамбл беше домаќин на фестивалот во Куманово ,каде учество зедоа многу меѓународни ансамбли.
Матеј имаше успешен настап на целовечерниот концерт во Домот на култура во
населба Илинден на заедничкиот настап со музичкиот бенд на СОСУ Илинден,под водство на Професор Јовче Петковски.
Населба Илинден на Матеј му посакува успешна музичка кариера.










































