Новогодишен концерт на АМПИ Илинден

0
131

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА АМПИ ИЛИНДЕН
Секоја година Ансамблот Илинден-72 одржува традиционален новогодишен концерт со богат сплет од македонски песни и ора ,така и деновиве таков концерт одржа во Домот на култура „Илинден“ во населба Илинден.
Тоа беше вистински празник на фолклорот, а присутните имаа ретка можност да уживаат во звуците на македонската песна, изворните ора и колоритните народни носии.
Бројната публика не ги жалеше своите дланки , со бурни аплаузи беше наградена секоја изведба на младите играорци.Од ова што го прикажаа се виде дека со голем успех го презентираа нашето богато фолклорно творештво, продолжувај ќи да го негуваат македонскиот народен танц, оро и песна.

Претходниот артикал,Славица Георгиевска
Следната статијаСречко Милошевски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука