*ЗЛАТЕ АНТЕВСКИ -Естраден уметник.
Роден е во с. Герман- Крива Паланка ,а од 1970 неговото семејство, доселено е во с.Бујковци-Илинден .
Основното образование го завршил во ОУ“Браќа Миладиновци“,с.Миладиновци
На 13 годишна возраст во Струга ,на натпреварот бираме златен глас во Република Македонија тој го освоил првото место .
По завршување на 8- мо одделение ,станува член на културна уметничкото друштво во Миладиновци ,кое во тој период беше многу активно .
Во раната своја младост,по наговор на истакнати музички имиња во тогашно време,започнува музичка кариера настапувајќи со песна по приморските градови по Јадранско Море.
Потоа музичкиот пат го води по западноевропските земји ,поточно во Виена –Австрија каде настапува по најпознатите ресторани,каде ги забавува со убавата изворна македонска песна, нашите сограѓани со работа и престој во Австрија.
Неговата убава изведба на нашите стари песни ,увидена е од уредниците на Македонската телевизија и станува член на Ансмблот за народни песни и ора, при Македонската Телевизија
Со Ансамблот за народни песни при МРТВ има снимено повеќе од 40-тина изворни песни и 20-тина со Ансамлот Чалгии.
Во тие години Злате Антевски веќе е афирмиран и веќе докажан инпретатор и почнува да биде покануван на многу музички фестивали во Македонија.
Така на фестивалот „Тумба Фест“го освојува првото место, со песната „Голем Мераклија“
Злате Антевски се смета за еден од најдобрите изведувачи на изворните народни песни од кумановско, исполнувајќи ги на кумановски дијалект.
На фестивалот песна на летото во Охрид, го освојува второто место со песната „Како да не пијам“.
И, нели по онаа народната, добриот глас далеку се слуша, Злате добива понуда за учество за еден од најреномираните фестивали во Србија , Гуча –Шумадија ,каде го освоил првото место.
Пред него престојат уште неколку фестивали каде е поканет да учествува и тоа на фестивалот „Канео“во Охрид ,„Црешно бер“-Охрид ,Тетовски Филиграни и други.
Инаку ,тој е чест гостин во западноевропските земји ,каде по покана на наши сограѓани со работа и престој ,настапува во нивни клубови и ресторани.
Дел од многуте негови снимени песни се:Јуче сам си сина заженија,Бела Радо,Зора Зазорила,Жировницо,Мори моме ,Алтано Кадано, Велешките Ергени,Како да не ијам,Закого ти цути Дано Лицето,Какво добро видов бре мамо,Голем Мераклија,Една желба имам роден крај да видам,Магде моме Магдалено,Сите моми Тиквешанки и уште други










































